Необјаснето розово езеро, мажи кои скокаат врз бебиња – 20 неверојатни, а вистинити факти

Светот е прекрасно, но истовремено прилично чудно и смешно место за живот. Многу локации, различни луѓе со различни традиции.

20-fakti-od-svetot-koi-nema-da-veruvate-deka-se-vistinski-01.jpg

Дали сте знаеле дека доколку ставите перница врз вашиот фрижидер во одреден ден од годината, верувањето е дека ќе ви донесе среќа во домот? Може да поверувате дека хирурзите кои играат видеоигри работат побрзо и попрецизно?

Доколку сакате да дознаете 20 интересни факти од различни области, започнете со читање:

1. Австралија има над 10.000 плажи. Може да одите на различна плажа секој ден во следните 27 години од вашиот живот.

2. Николас Кејџ бил оној којшто прв му сугерирал на Џони Деп да започне да се занимава со глума во средината на ’80-тите години.

20-fakti-od-svetot-koi-nema-da-veruvate-deka-se-vistinski (5).jpg

3. Официјалното национално животно на Шкотска е еднорог.

4. Режисерот на популарниот анимиран филм Despicable Me измислил специјален јазик за жолтите Minions и го нарекол Minionise.

20-fakti-od-svetot-koi-nema-da-veruvate-deka-se-vistinski (7).jpg

5. Нацистите биле првите луѓе во модерната историја кои започнале кампања против пушење цигари и употреба на тутун.

6. Секоја година во јуни во селото Кастриљо де Мурсија во близина на Бургос, Шпанија се одржува бизарен фестивал, каде што возрасни мажи се маскираат во ѓаволи и скокаат над бебиња родени во претходните 12 месеци од годината. Традицијата позната како El Colacho е дел од славењето во името на синот божји.

20-fakti-od-svetot-koi-nema-da-veruvate-deka-se-vistinski (3).jpg

7. Популарниот стимуланс Вијагра кога ќе се разложи во вода може да ја продолжи свежината на исечените цвеќиња во вазна за околу една недела.

20-fakti-od-svetot-koi-nema-da-veruvate-deka-se-vistinski (1).jpg

8. На Бахамите постои остров кој е населен само со свињи. Затоа го носи името Плажа на свињите, а тие може да пливаат во вода и најчесто им прават друштво на туристите.

9. На почетокот на 20 век, јастозите се сметале за „лебарките на океанот“ – храна која била синоним за сиромашни, наменета за бездомниците, робовите и затворениците. Дури по Втората светска војна јастогот како храна добива повисок статус на деликатес и се поврзува со аристократијата.

10. На еден од островите во западниот дел на Австралија се наоѓа езерото Хилиер. Неговата боја е светло розова и иако ова не е единственото езеро во светот чија вода е обоена, единствено за ова езеро научниците немаат објаснување што точно ја предизвикува розеникавоста.

20-fakti-od-svetot-koi-nema-da-veruvate-deka-se-vistinski (6).jpg

11. Во 2013 година научници од Кина успеале да создадат човечки заб од матични клетки земени од примерок од урина.

12. Хирурзите кои играат видеоигри најмалку 3 часа неделно работат 27% побрзо и прават 37% помалку грешки.

13. 29 мај во Америка е Европа е познат како ден за ставање „Перница врз фрижидерот“. Се верува дека овој смешен обичај носи среќа и благосостојба во домот.

20-fakti-od-svetot-koi-nema-da-veruvate-deka-se-vistinski (4).jpg

14. Ќесичките за чај биле сосема случајна иновација. Во 1908 година трговецот Томас Саливан дистрибуирал примероци од чајот што го продавал во мали свилени торбички, а луѓето ги потопиле директно во вода. На тој начин Саливан ја добил идејата за пакување на чајот во ќесички како што го консумираме денес.

15. Вистинското име на пејачот Бруно Марс е Питер Џин Бајот Хернандез. Уметничкото име доаѓа од Бруно – името на борачот Самартино, бидејќи во детството пејачот бил како борачот – полн самодоверба, независен, со силна волја, а Марс го додал поради тоа што девојките често пати му велеле дека „не е од оваа планета“.

16. По 1987 година, дури 2013 е првата година по неа во која не се повторува ниту една бројка.

17. Најмалку успешниот филм за Harry Potter од финансиска гледна точка сепак успеал да заработи $90 милиони долари повеќе од најуспешниот Twilight филм.

20-fakti-od-svetot-koi-nema-da-veruvate-deka-se-vistinski (8).jpg

18. Шансите вашиот компјутер да закачи вирус од религиозен веб сајт се 3 пати поголеми отколку од сајт за порно клипови.

19. Лихтенштајн има најниска стапка на криминал во светски рамки. Според член на полицијата во оваа безбедна земја не се случило убиство уште од доцните ’90-ти години. Полицијата брои вкупно 91 вработен во службена униформа и 34 во цивилна, што значи дека само 125 луѓе го одржуваат редот и мирот во државата.

20. Францускиот автор на книгата Тројцата мускетари, Томас Александар Дима, е највисоко рангираниот таен агент во Европа до денешен ден.

20-fakti-od-svetot-koi-nema-da-veruvate-deka-se-vistinski (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Мајка му и сестра му загинаа во сообраќајка, вонбрачно дете со стриптизета - Кој е синот на Џо Бајде... Животот на синот на Џо Бајден, Хантер, е исполнет со скандали, но и трагедии – м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg