„Кога најмногу ти се брза, биди најбавен“ - 17 јапонски народни мудрости

„Пред одлуката - размисли, по одлуката - не размислувај“ и уште 16 други народни мудрости од Јапонија.

koga najmnogu ti se brza bidi najbaven-01.jpg

Јапонците важат за остроумни луѓе кои живеат по свои строги принципи, па зошто да не научиме нешто од нив?

Интересни јапонски народни мудрости:

- „Човекот е смртен, но неговото име може да стане бесмртно.“

- „Својата обврска кон родителите често ја чувствуваме тогаш кога повеќе ги нема.“

- „Добрината на таткото е повисока и од највисоката планина. Добрината на мајката е подлабока и од најдлабокото море.“

- „Фалењето е почетокот на срамот.“

- „И најдобриот сокол нема ништо да улови, ако не му дадат да полета.“

koga najmnogu ti se brza bidi najbaven-03.jpg

- „Оној со чие срце владее лакомоста е бескрајно сиромашен, без разлика колку пари има.“

- „Кога умираш од жед, доцна е да копаш бунар.“

- „Да одиш брзо значи да одиш бавно без прекини.“

- „Со неволјата човек треба да се бори со памет, а не со солзи.“

- „Не знаеш што е во душата на човекот кој постојано се смее.“

koga najmnogu ti se brza bidi najbaven-02.jpg

- „Големите несреќи настануваат од мали причини.“

- „Пред одлуката - размисли, по одлуката - не размислувај.“

„Кога најмногу ти се брза, биди најбавен.“

- „Направи сè што можеш, а останатото препушти и го на судбината.“

- „Среќата влегува во домот во кој се слуша смеа.“

- „Малку учиме од победите, а многу од поразите.“

- „Претераната искреност често се граничи и со глупавост.“

Уште јапонски мудрости!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Многу улици немаат имиња и уште 7 луди факти за животот во Јапонија Повеќето Јапонци се опседнати со мајонез, многу улици низ градовите воопшто нема...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...
Новогодишни пораки кои може да ги испратите на блиските за 2026-та година Доколку сакате готови пораки за честитање Нова година, имаме неколку предлози ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg