„Животот е прекраток за да чувате злоба кон некого“ - 15 цитати на Илон Маск

Маск е човекот којшто го сметаат за Никола Тесла на денешницата. Тој е пред сѐ претприемач, бизнисмен магнат, инженер, инвеститор и изумител. Одлично се снаоѓа со парите, а стана мултимилионер уште во неговите доцни дваесетти години кога ја основаше својата прва старт-ап компанија Zip2.

Citati-na-Ilon-Mask-01.jpg

Основачот на компаниите Тесла и СпејсЕкс верува во човештвото и сака да го смени светот, а изгледа дека не е далеку и од таа замисла. 

Тој сега работи на намалување на глобалното затоплување и поставување на колонија на Марс за да го спречи човечкото истребување. 

Секако дека сите овие факти се повеќе од доволни за да сфатиме дека тој е тип на човек што ќе оствари сè што ќе замисли.

Прочитајте го најдобрите 15 цитати на Илон Маск кои веруваме дека ќе ве инспирираат и ќе почнете да работите на остварување на вашите соништа:

1. Кога нешто ви е доволно важно, тогаш ќе го направите дури и кога шансите не ви се наклонети.

2. Возможно е обичните луѓе да одберат да бидат исклучителни.

3. Првиот чекор е да се заклучи дека нешто е возможно, потоа ќе се појави можноста.

4. Трпението е доблест, а јас учам да бидам трпелив. Тоа е тешка лекција.

5. Мислам дека тоа е најдобриот совет: постојано да мислиш како можеш да направиш нешто подобро и постојано да ги испитуваш своите постапки.

6. Некои луѓе не сакаат промени, но морате да ја прифатите промената доколку алтернативата е пропаст.

7. Доколку станете наутро со мислата дека иднината ќе биде подобра, тогаш ќе имате убав ден. Во спротивно нема да имате.

8. Животот е прекраток за да чувате злоба кон некого.

9. Секогаш се поставувам така да мислам дека до некаде не сум во право, а аспирацијата ми е да грешам помалку.

10. Луѓето треба да се стремат кон она што се пасионирани. Тоа ќе ги направи посреќни од што било друго.

11. Јас не создавам компании само за да постојат, туку за да завршам работа со помош на нив.

12. Има будалесто мислење дека неуспехот не е опција во НАСА. Неуспехот е опција. Доколку нема неуспеси, тогаш не сте доволно иновативни.

13. Би сакал да умрам на Марс. Само не при уривање на него.

14. Да ви признаам нешто засрамувачко, сакам видеоигри. Тоа ме внесе во софтверскиот инженеринг кога бев дете. Сакав да заработам за да можам да заштедам, да си купам подобар компјутер и да играм подобри видеоигри – ниту налик на спасување на светот.

15. Навистина, единствената работа што има логика е да се стремиме кон поголемо колективно просветлување.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg