Цитати за животот инспирирани од боречките вештини

Секоја боречка вештина со себе носи и некаква филозофија, која потоа станува начин на живот за оние кои ја практикуваат.

Citati-za-zhivotot-inspirirani-od-borechkite-veshtini-01.jpg

Така, било да сте љубител на боречките вештини или не, од изворните кинески и јапонски филозофии може многу да се научи, но и да ви послужат како мото во животот:

„Падни седум пати, но исправи се на нозе осум пати“, традиционална јапонска поговорка

„Никогаш не станува полесно, туку ти стануваш подобар во тоа.“

„Целта не секогаш треба да биде постигната. Таа е само патоказ каде треба да се движиш!“

„Грешките секогаш може да бидат простени, ако имаш храброст да ги признаеш.“

„Ако твојот бес расте, спушти ја раката. Ако твојата рака се крева, смири го бесот“, Чоџун Мијаги

„Најдобриот борец никогаш не е нервозен и лут.“

Citati-za-zhivotot-inspirirani-od-borechkite-veshtini-02.jpg

„Кукавиците никогаш не започнуваат. Слабите никогаш не завршуваат. Победниците никогаш не се откажуваат.“

„Црниот појас е бел појас кој никогаш не се откажал.“

„Она што го добиваш со остварување на целите не е толку важно колку она што си станал со остварување на целите.“

„Денес ќе направам сè што другите нема да направат, за утре да можам да го направам она што тие не можат.“

„Храброста не е отсуство на страв, туку триумф над него.“

„Карате-ученикот никогаш не смее да си донесе срам на себе ниту на неговата школа, без разлика дали со збор или постапка“, големиот Канеи Уечи

„Себепреценувањето и претераната самодоверба се болести кои го нарушуваат учењето“, Хохан Шокен.

„Единствената личност од која треба да бидеш подобар си ти од вчера.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg