Најактивен кралски припадник, обид за киднапирање: Која е принцезата Ана, ќерката на кралицата Елизабета?


Најактивен кралски припадник, обид за киднапирање: Која е принцезата Ана, ќерката на кралицата Елизабета?

Таа целиот свој живот е дел од кралските настани, но никогаш не е во прв план и во фокусот на медиумите. Како изгледа животот на ќерката на кралицата Елизабета?

najaktiven-kralski-pripadnik-obid-za-kidnapiranje-koja-e-princezata-ana-kjerkata-na-kralicata elizabeta-01.jpg

Ќерката на кралицата Елизабета, принцезата Ана е родена на 15-ти август 1950 година и беше втора во линијата за тронот, веднаш по нејзиниот постар брат, принцот Чарлс, но по добивањето помлади браќа, а сега и по доаѓањето на свет на принцот Луи, таа е 13-та.

najaktiven-kralski-pripadnik-obid-za-kidnapiranje-koja-e-princezata-ana-kjerkata-na-kralicata elizabeta-06.jpg

najaktiven-kralski-pripadnik-obid-za-kidnapiranje-koja-e-princezata-ana-kjerkata-na-kralicata elizabeta-12.jpg

Титула

Како ќерка на монарх, по раѓањето Ана веднаш станала принцеза, но во 1987 година нејзината мајка ѝ ја доделила титулата кралска принцеза (Princess Royal). Оваа титула најверојатно ќе ја добие и принцезата Шарлот, кога нејзиниот татко Вилијам ќе стане крал.

najaktiven-kralski-pripadnik-obid-za-kidnapiranje-koja-e-princezata-ana-kjerkata-na-kralicata elizabeta-02.jpg

Брак и деца

Ана има два брака, две деца и четири внучиња. Со вториот сопруг Тимоти Лоренс, пензиониран британски поморски офицер, во брак е од 1992 година.

najaktiven-kralski-pripadnik-obid-za-kidnapiranje-koja-e-princezata-ana-kjerkata-na-kralicata elizabeta-09.jpg

Работа

Од 18 години Ана е пред очите на јавноста и активно ги извршува своите кралски должности. Вклучена е во 300 добротворни организации, а минатата година минала 179 дена комплетно посветена на кралските ангажмани, што ја прави една од најактивните и најпосветени членови на кралското семејство.

najaktiven-kralski-pripadnik-obid-za-kidnapiranje-koja-e-princezata-ana-kjerkata-na-kralicata elizabeta-04.jpg

Обожава јавање на коњи, а во 1974 година 26-годишен маж со ментални проблеми се обидел да ја киднапира, но нејзиниот непоколеблив став, како и одличното обезбедување ја спречиле оваа немила епизода.

Тој ја држел затворена во автомобил и имал пиштол. Полицијата потоа откри дека Ана во оваа ситуација се однесувала неверојатно храбро.

najaktiven-kralski-pripadnik-obid-za-kidnapiranje-koja-e-princezata-ana-kjerkata-na-kralicata elizabeta-11.jpg

najaktiven-kralski-pripadnik-obid-za-kidnapiranje-koja-e-princezata-ana-kjerkata-na-kralicata elizabeta-10.jpg

najaktiven-kralski-pripadnik-obid-za-kidnapiranje-koja-e-princezata-ana-kjerkata-na-kralicata elizabeta-09.jpg

najaktiven-kralski-pripadnik-obid-za-kidnapiranje-koja-e-princezata-ana-kjerkata-na-kralicata elizabeta-07.jpg

najaktiven-kralski-pripadnik-obid-za-kidnapiranje-koja-e-princezata-ana-kjerkata-na-kralicata elizabeta-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елизабета го избра најсиромашниот принц за сопруг - 17 факти за принцо... Кралицата Елизабета го видела Филип на свадба кај нејзините роднини и одлучила е...
Животна лекција од Лиам Нисон – Животот е краток, поминете го со вашит... Лиам Нисон се оженил со својата сопруга, Наташа Ричардсон во 1994-та, а до 1996-...
Научила да шие во дом за сираци и уште 8 факти за Коко Шанел Познатата модна икона никогаш не го изгуби своето силно влијание врз стилот и уб...