Реки од алкохол, скандали, дрога и силувања – мрачната слава на Backstreet Boys

Оваа година, еден од најпопуларните бој-бендови во современата музичка историја Backstreet Boys прослави 25 години од своето основање.

Mracnata-slava-na-Backstreet-Boys-01.jpg

Веројатно поголемиот дел од вас мислат дека вашиот омилен бенд од музичките ’90-тите одамна е пензиониран, но ќе погрешите. Групата сè уште оди на турнеи и издава музика за својата база на верни обожаватели.

Но, минатото на групата е прилично мрачно: менаџерот кој го основал бендот е еден од најголемите измамници во американската историја, а многумина го обвинуваат и за педофилија.

Во текот на годините членовите на бендот, исто така, се бореа со славата, многуте зависности и правните проблеми.

Како се создаде најпопуларниот машки бенд во светот?

Лу Перлман e менаџерот кој издал оглас во весниците во Флорида дека бара млади машки пејачи. До крајот на 20 век тој од нив направи огромни ѕвезди, а групата ја основаше во далечната 1993 година и ја нарече Backstreet Boys.

Mracnata-slava-na-Backstreet-Boys (1).jpg

Само неколку години подоцна, членовите на Backstreet Boys бесни поради финансиската ситуација ангажираа адвокат и решија да го тужат Перлман за погрешно водење на нивната кариера. На крајот го добија случајот, исто како и многу други бендови во тој временски период кои го тужеле поради рекетирање и криминални активности, меѓу кои и најголемите „ривали“ на BsB, NSYNC.

Mracnata-slava-na-Backstreet-Boys (4).jpg

По падот на Перлман кон крајот на ’90-тите години, многу членови на бендот изјавиле дека тој се однесувал непристојно кон нив. Приказните вклучуваат како тој спиел сосема гол со 13 годишни деца во креветот, целосно се соблекувал пред нив и им пуштал порнографски содржини.

Еден од оригиналните членови на поставата на Backstreet Boys, Феникс Стоун, во 2017 година изјавил дека инвестицијата на Перлман во машки бенд не била така невина како што изгледала. „Во основа, тоа му беше изговор да се дружи со 5 згодни момци. Сакаше да ги носи момчињата на вечера“.

Џејн Картер, мајката на Ник Картер постојано го испитувала својот син за инцидентот кој се случил кога Ник останал да преспие една вечер во куќата на Перлман, а се појавил следното утро мошне вознемирен со желба никогаш повеќе да не остане сам во иста просторија со музичкиот могул.

Ник Картер и Парис Хилтон

Во 2003 година Картер и Хилтон ја започнаа својата експлозивна врска. Тие дури си направија и тетоважи заедно и постојано лудуваа на забавите на кои очигледно не им се гледаше крајот.

Откако ја прекинаа својата врска, започнаа да кружат гласини како Ник бил насилен кон неа, со оглед на фактот што Парис многу пати во текот на нивната врска беше фотографирана со модринки на лицето и вратот.

Mracnata-slava-na-Backstreet-Boys (2).jpg

Ник изјави дека „нивната врска се базирала на недоверба. Не ми веруваше, ниту пак јас на неа“.

Во својот мемоар кој Ник го издаде во 2013 година, тој буквално ја исплука Парис Хилтон на најлошиот можен начин. „Парис беше најлошата личност за мене. Ги хранеше моите најлоши нагони“.

Реки од алкохол, секој ден екстази и рехабилитација

Првиот нервен слом Картер го доживеа по врската со Парис Хилтон. Откако неговото реално ТВ-шоу House of Carters беше откажано, тој се пресели во изолација во Тенеси каде што се обиде да се „рехабилитира“ со помош на самопомагачка книга која ја добил од колега од бендот.

Пред повлекувањето, забавите излегле надвор од контрола. Во мемоарите тој опишува како го преживувал секој ден – една црта кокаин и неколку екстази таблети со цело шише вотка.

Mracnata-slava-na-Backstreet-Boys (5).jpg

Трезвеноста траеше додека Картер бил изолиран. Во моментот кога повторно се вратил на турнеја, повторно започнал да пие „реки од алкохол“, како што самиот опишува.

Повикот за будење пристигнал со дијагнозата за кардиомиопатија – ослабнат срцев мускул кој може да доведе до ненадејна смрт, а причината за ова секако била прекумерното користење на дрога.

Тужби за силување

Ник Картер е два пати обвинет за силување. Во случајот од 2006 година, Картер наводно ја присилил девојката на орален секс, додека таа се преправала дека спие. Полицијата потврдила дека жртвата поради непознати причини одлучила да не поднесе тужба.

Кон крајот на 2017 година во склоп на кампањата #МеТоо, Мелиса Шуман детално сведочела како Картер ја силувал во бањата за време на една забава во 2003 година.

Mracnata-slava-na-Backstreet-Boys (6).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg