Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Кој ја одбил, а кој ја дал на својата сопруга - 6 интересни факти за Нобеловата награда

Во овој период актуелно е доделувањето на Нобеловите награди во најголемиот дел од категориите.

6-interesni-fakti-za-nobelovata-nagrada-01.jpg

Нобеловата награда е една од највредните награди во светот. Првпат била доделена во 1901 година, а секоја година има повеќе од 200 номинирани.

Секако, ова се податоци кои ни се познати на сите, а во продолжение прочитајте неколку интересни факти кои се помалку познати:

1. Правилата

Не можете самите да се номинирате за Нобелова награда, туку тоа мора да го направи некој друг. Еден од условите е номинираниот да е жив во моментот на номинацијата и таа е валидна дури и ако тој почине наредниот ден. Исто така, ретко кој знае дека бил номиниран (освен истакнатите јавни личности). Имињата се чуваат во тајност за да се спречи лобирање.

6-interesni-fakti-za-nobelovata-nagrada-02.jpg

2. Наградата за економија не е Нобелова награда

Основачот Алфред Нобел со својот тестамент утврдил пет категории: физика, хемија, медицина, мир и литература. Наградата за економија е доделена првпат во 1969 година, по повод прославата на 300-годишнината на Централната шведска банка една година претходно. Целосното име на оваа награда е „Награда на Шведската банка во економски науки, во сеќавање на Алфред Нобел“.

6-interesni-fakti-za-nobelovata-nagrada-03.jpg

3. Махатма Ганди не добил Нобелова награда

Тој бил номиниран повеќе пати, но никогаш не добил Нобелова награда. Последната номинација пристигнала неколку недели по неговиот атентат, но од Нобеловиот одбор одлучиле дека нема да доделат постхумна награда, иако постојат членови со кои се прави исклучок од ова правило. Истата година, 1948-ма, не била доделена награда за мир. Во 2006 година Нобеловиот одбор се изјасни дека тоа било голем пропуст од нивна страна.

6-interesni-fakti-za-nobelovata-nagrada-04.jpg

4. За Марија Кири наградата била семејна

Во 1903 година, Марија Кири, заедно со својот сопруг Пјер, добија Нобелова награда за физика. По 8 години Марија добила самостојна Нобелова награда, овојпат за хемија. Нивната ќерка Ирена во 1935 година добила Нобелова награда за хемија, заедно со својот сопругот Фредерик Золија. Во 1965 година подалечен зет на Марија и Пјер бил директор на УНИЦЕФ, кога организацијата добила Нобелова награда за мир.

6-interesni-fakti-za-nobelovata-nagrada-05.jpg

5. Милева Мариќ, првата жена на Ајнштајн, добила пари од неговата награда

Иако нивниот брак никогаш не бил стабилен, придонесот на Милева во заедничката работа во областа на физиката бил неприкосновен. Но, кога Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1922 година, иако тогаш женет со Елиза, целата парична сума ја префрлил на првата сопруга.

6-interesni-fakti-za-nobelovata-nagrada-06.jpg

6. Постојат добитници кои ја одбиле Нобеловата награда

Жан Пол Сартр одбил Нобелова награда за литература. Комунистичкиот виетнамски лидер Ле Дук То ја одбил наградата за мир во 1973 година. Исто и Борис Пастернак одбил награда за литература, но под притисок на Советскиот Сојуз. Со години неговата награда стоела неподигната, за во 1989 година неговиот син Евгениј да ја прифати во име на својот татко.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg