Најмладиот играч којшто постигнал 2.000 поени во НБА - 10 факти за Леброн Џејмс

Леброн Џејмс е американски професионален кошаркар којшто стана славен веднаш штом влезе во НБА лигата. Дали сте знаеле дека подеднакво добро може да ги користи и левата и десната рака без никаков проблем? Или дека неговата мајка го родила кога имала само 16 години?

10-fakti-za-Lebron-Dzejms-01.jpg

Прочитајте ги следните 10 интересни факти коишто можеби не сте ги слушнале претходно за него:

 1. ЛеБрон Џејмс е роден на 30 декември 1984 година во Акрон, Охајо. Неговата мајка имала само 16 години кога го родила.

 2. Тој е амбидекстрозен, што значи дека може да ги користи двете раце еднакво добро. Така тој левата рака ја користи за да пишува и јаде, а со десната рака најчесто ја шутира топката.

 3. Додека бил во училиште, омилен предмет му бил ликовно. Неговите дизајни на патики јасно покажуваат дека тој сè уште е многу заинтересиран за уметноста.

 4. Леброн Џејмс ја започна својата кошаркарска кариера со Кливленд Кавалирс во 2003 година, кога беше избран на драфтот. Првиот професионален натпревар му беше против Сакраменто Кингс, во којшто постигна 25 поени.

 5. Леброн Џејмс не бил ѕвезда само во неговиот средношколски кошаркарски тим, туку и во неговиот средношколски рагби тим. Во својата последна година од средното училиште не учествувал во натпреварите на рагби тимот, бидејќи имал скршен прст.

 6. Тој не се запишал на колеџ туку веднаш се пријави на НБА драфтот после последната година во средно училиште. НБА драфтот е годишен настан во којшто тимовите од лигата бираат играчи коишто се пријавиле за да учествуваат во лигата. Џејмс беше избран прв на драфтот од тимот на Кливленд Кавалирс.

 7. Џејмс е вториот најплатен НБА кошаркар во светот. Неговата годишна заработувачка изнесува 57,6 милиони долари.

 8. Тој е еден од само два играчи во светот коишто во иста сезона се закитиле со одликувањата: Олимписки златен медал, МВП на лигата и МВП на финалето. Друг таков играч е Мајкл Џордан.

 9. Леброн е делумен сопственик на фудбалскиот тим Ливерпул.

10. Тој е најмладиот НБА играч којшто стигнал до бројката 2.000 поени во кариерата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg