„Каратето има едно срце“ и уште неколку филозофии кои сите можат да ги применуваат

Кога се изучува каратето, добрите учители секогаш обрнуваат внимание и на филозофскиот и психолошкиот дел, бидејќи без нив, сите боречки вештини би биле само спорт. Но, каратето е многу повеќе од тоа.

karateto-ima-edno-srce-i-ushte-nekolku-filozofii-koi-site-mozhat-da-gi-primenuvaat-01.jpg

Во школите каде се изучуваат изворните стилови на каратето, наречени доџо, мајсторите го пренесуваат целото свое знаење на своите ученици и од физички и од ментален аспект.

На пример, на островот Окинава, сите школи функционираат на принцип на споделување на цел, на филозофија и на визија за подобра и посилна личност, а со тоа и подобар свет за живеење.

Без разлика кој стил и да се изучува, филозофијата е во принцип иста. Нејзе може да ја применуваат дури и оние кои во животот немаат ниту еден час по карате. Секоја борба може да биде поистоветена и како секојдневен однос меѓу две личности или пристап во решавање на проблеми.

Каратето започнува и завршува со меѓусебна почит.

Не постои прв удар во карате.

Најпрво запознај се себе, а потоа другите.

Дух пред техника.

karateto-ima-edno-srce-i-ushte-nekolku-filozofii-koi-site-mozhat-da-gi-primenuvaat-02.jpg

Биди подготвен да го ослободиш својот ум.

Каратето оди и над доџото (школата).

Цел живот учиш карате и секогаш имаш повеќе да научиш.

Употреби го она што го учиш преку каратето секаде, во тоа е неговата убавина.

karateto-ima-edno-srce-i-ushte-nekolku-filozofii-koi-site-mozhat-da-gi-primenuvaat-03.jpg

Каратето е како вода. Ако нема оган, нема да има ниту вриење.

Не мисли дека треба да победиш, туку дека не треба да изгубиш.

Секогаш прилагодувај се на противникот, тоа те прави подобар од него.

Резултатот зависи од тоа како ги балансираш силните страни и слабостите.

Надвор од твојот дом секогаш ќе се соочуваш и со некој непријател.

Секогаш размислувај како можеш да го примениш наученото и во реалноста.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg