Ја пиеме истата вода што ја пиеле диносаурусите и уште 13 факти за природата што звучат нереално
Целокупната вода (на глобално ниво) кружи во рамките на еден затворен систем, така што речиси никогаш не ја напушта Земјата. Тоа значи дека водата која била на нашата планета пред милиони години, циркулира и ден-денес. И, водата што ја пиеме ние, ја пиеле и нашите предци, и диносаурусите.

Монт Еверест секоја година расте за околу 4 милиметри, благодарение на индискиот потконтинент којшто се судира со Евроазија.

Околу 33% од копнената површина на Африка е покриена со пустини и неплодна земја.

Кога би можеле да го смалиме Сонцето во големина на бело крвно зрнце, тогаш Млечниот Пат би имал големина колку САД.

Во вселената, астронаутите не можат да плачат затоа што солзите не можат да течат без гравитација. Нивните солзи ќе почнат да се лачат, но нема да течат како на Земјата.

Во својот „животен век“, еден ураган може да ослободи енергија колку 10.000 нуклеарни бомби.

BPM 37093 (позната и како Луси) е ѕвезда чие јадро е всушност огромен дијамант. Оддалечена е околу 50 светлосни години од Земјата и се наоѓа во соѕвездието Кентаур, а нејзиниот радиус изнесува околу 4.000 километри.

М. П. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното)
„Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ
„Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега
Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ...
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...