Сурова мајка, смрт на терапевтот: 12-те најлоши животни искуства на Џенифер Анистон
Има интензивен страв од вода поради незгода во детството, а мајка ѝ секогаш ја критикувала и дури ја исфрлила од тестаментот.

Џенифер Анистон е една од најпознатите холивудски актерки, но нејзиниот приватен живот отсекогаш ги интригирал фановите.
Секоја нејзина романтична врска го привлекува вниманието, како и фактот дека вели дека не сака да има деца и да престанат да ѝ вршат притисок, ако и кога ќе одлучи сама ќе каже.
Најлошите работи што ѝ се имаат случено на Џенифер Анистон:
Напади од таблоидите, без разлика дали тоа е за некој килограм плус или за нејзините пропаднати врски и бракови.

Има интензивен страв од вода, поради трауматски настан од детството кога возејќи се со трицикл паднала во базен, и во филмот „Cake“ дури 30 пати ја снимала сцената со базенот.

Проблеми со кариерата на почетокот и низа неуспешни улоги сè додека не ја доби картата кон успехот - ликот на Рејчел во „Friends“.

Почна да се состанува со Бред Пит во 1998 година, кога нивните агенти им закажале состанок на слепо, се венчаа 2 години подоцна со ракошна свадба на Малибу од 1 милион долари и иако сите мислеа дека ќе остарат заедно тој ја остави во 2005 година поради Анџелина Џоли.

Проблеми во љубовните врски и репутацијата дека не е способна да задржи маж и дека е „осудена“ никогаш да не го запознае вистинскиот.

Ѝ почина терапевтот кој го посетуваше во тешкиот период по разводот со Бред Пит за да се справи со стресот и анксиозноста, но еден месец пред разводот да биде финализиран терапевтот ненадејно почина и таа беше комплетно излудена.

Уште 6 искуства на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер...
Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М...
Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п...
Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з...
Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
