Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Оптимистите го измислиле авионот, а песимистите падобранот – што сте вие по природа?

Што правите кога животот ви дава лимони? Како ја гледате чашата наполнета со вода до половина? Полунаполнета или полупразна? 

Optimistite-go-izmislile-avionot-pesimistite-padobranot-01.png

Да се биде оптимизам во денешното време е навистина тешка задача. Но, кој би сакал да го помине животот како непоправлив и мрачен песимист? Можеби сепак размислувате реално… во која група припаѓате? Прочитајте ги најдобрите цитати на оваа тема и одлучете сами:

1. Песимизмот на младите се заснова на премалку знаење, песимизмот кај постарите на премногу искуство.

2. Песимист е човек кој е среќен кога е несреќен.

3. Песимист е оптимист со искуство.

4. Предвидувај како песимист, набљудувај како реалист, делувај и однесувај се како оптимист.

5. Песимистот се жали на ветрот, оптимистот очекува да се смени правецот, а реалистот се приспособува на околностите на морето.

6. Оптимист сум бидејќи ми се гледа бескорисно да бидам што било друго.

7. Песимистот е човек којшто од две зла ќе ги одбере обете.

8. Песимистите се луѓе коишто носат чадор дури и кога нема облаци на повидок.

9. Песимистот гледа тешкотија во секоја можност. Оптимистот гледа можност во секоја тешкотија.

10. И оптимистите и песимистите придонесуваат за развојот на нашето друштво. Оптимистите го измислиле авионот, а песимистите падобранот.

11. Можеме да се жалиме затоа што розите имаат трње или да се радуваме затоа што грмушките со трња имаат рози.

12. Оптимистот тврди дека живее во најдобриот од сите можни светови. Песимистот се плаши дека тоа е вистина.

13. Песимистот е човек кој мисли дека сите жени се лоши. Оптимистот е оној којшто се надева дека се.

14. Песимистот ја гледа само темната страна од облаците и се жали; филозофот ги гледа двете страни и ги собира рамениците; оптимистот воопшто не гледа облаци-тој чекори по нив.

15. Најдобрата работа кога си песимист е фактот што постојано си во право или си пријатно изненаден.

16. Воопшто не боли да бидеш оптимист. Секогаш можеш да плачеш подоцна.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
10 реченици кои ќе ве натераат да застанете на момент и да се замислите за животот Понекогаш е доволно да прочитате само една реченица која ќе ви го смени погледот...
„Ги оставам луѓето кои не ме ценат - ја знам својата вредност“: Моќни цитати од легендарниот Ентони ... „Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават маж“ - вели еден о...
Детали од животот на Европјаните во минатото заради кои ќе бидете благодарни што сте родени во модер... Се бањале многу ретко, а освен богатите, останатите обично имале само едно парче...
Инспиративната приказна на основачот на IKEA: Продавал кибрит и пенкала, па станал најбогатиот Швеѓа... Може да се каже дека основачот на IKEA, Ингвар Кампрад, ја почнал бизнис кариера...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg