„Стравот го прави волкот поголем од што е“ и уште 10 германски народни поговорки

„Кој не е доволно паметен на почетокот, на крај ќе се опамети.“ - Сте го почувствувале ли ова на своја кожа?

stravot-go-pravi-volkot-pogolem-od-shto-e-i-ushte-10-germanski-narodni-pogovorki-01.jpg

Германците се моќна нација. Некои мудрости кои кај нив се пренесуваат од генерација на генерација и не губат од вредност.

Германски народни поговорки:

Кој не е доволно паметен на почетокот, на крај ќе се опамети.

Онаму каде што честа се купува со пари, таа трае додека има пари.

Стравот го прави волкот поголем од што е.

Старата метла добро го познава секое ќоше.

Малите непријатели и малите рани не треба да ги потценувате.

Оние кои без љубов се состануваат, без солзи се разделуваат.

stravot-go-pravi-volkot-pogolem-od-shto-e-i-ushte-10-germanski-narodni-pogovorki-02.jpg

Кој сака далеку да стигне, мора рано да стане.

Не можеш секој ден да направиш големо дело, но секој ден можеш да направиш добро дело.

Побрзо старее главата, отколку нозете.

Љубовните рани може да ги излекува само оној кој ги нанел.

Не е доволно само да ја посадите љубовта, треба и да ја наводнувате.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg