Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Секому му е убаво своето“ - Цитати за убавината кои не стареат

Многумина се обиделе да ја дефинираат убавината. На оваа задача се нафатиле поети, уметници, музичари, филозофи… Дали убавината е нешто субјективно, дали е различна за секого или е можеби универзална и неменлива?

Citati-za-ubavinata-koi-ne-stareat-01.jpg

Не постои една дефиниција, само повеќе разни видувања, а подолу прочитајте ги цитатите од познати личности за тоа како тие ја доживуваат убавината:

 1. „Убавината е во окото на набљудувачот.“ – Тома Аквински

 2. „Убавината е внатрешно чувство коешто се гледа во човечкиот поглед.“ – Софија Лорен

 3. „Најдобриод дел од убавината е оној кој ниту една слика не може да го долови.“ – Френсис Бејкон

 4. „Грдотијата има предност над убавината, бидејќи убавината поминува, а грдотијата останува.“ – Оноре де Балзак

 5. „Кога е најмалку облечена, тогаш убавината е најдобро облечена.“ – Франческо Петрарка

 6. „Убавината е неподнослива, таа нè доведува до очај, ни нуди на момент дел од вечноста којшто сакаме да го протегнеме да трае засекогаш.“ – Алберт Ками

 7. „Убавината е нешто животинско ако не е здружена со умот.“ – Демокрит

 8. „Убавината е тиранија со краток век.“ – Сократ

 9. „Убавината мора да биде ретка, инаку не е убавина.“ – Жан Баптист Молиер

10. „Убавината е секогаш во мода.“ – Оскар Вајлд

11. „Убавината се соочува со својот крај кога ќе се појави интелектуалниот израз. Интелектот ја руши хармонијата на ликот. Оној момент кога некој ќе почне да мисли, тогаш целиот се претвора во нос.“ – Оскар Вајлд

12. „Убавината е ветување за среќа.“ – Хенри Стендал

13. „Убавината е она што ни годи, а притоа да немаме никаков интерес од тоа.“ – Емануел Кант

14. „Убавината е отворено писмо со препорака коешто за нас однапред ги придобива срцата.“ – Артур Шопенхауер

15. „Нема стандард. Вистинската убавина е во несовршеноста.“ – Карл Лагерфелд

16. „Секому му е убаво своето.“ – Марко Тулиј Цицерон

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
„Нема поголема тага од сеќавањето на среќата во моменти на несреќа“ и уште 10 цитати за болката „Да продолжиш понатаму не значи да заборавиш, туку да научиш да живееш со празни...
15 забавни цитати за тетките (малку ‘лудата’ тетка е најзабавна) „Можеби не сум родител, но како тетка, имам супермоќ: да ги разгалувам децата и ...
Сакал да се прејадува, одбивал анестезија за операција: Факти за Марлон Брандo, најчудниот холивудск... На Марлон Брандо не му недостасувале луди идеи и еднаш изразил желба да користи ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg