На 9 години – прва слика, на 13 – примен на факултет: Интересни факти за Пабло Пикасо

Неспорно е дека Пабло Пикасо е еден од најважните уметници на 20 век, најдобро познат како таткото на кубизмот. 

Interesni fakti za Pablo Pikaso za koi mozebi ne ste znaele 01

Роден е во Шпанија, а со уметноста почнал да се занимава многу млад, под големо влијание на Диего Веласкез и Франсиско Гоја. Подоцна се преселил во Париз, каде што се инспирирал од целиот свет.

Живеел исполнет живот, а ова се некои факти за кои можеби не сте слушнале до сега:

Неговото полно име е многу долго - Пабло Диего Хозе Франциско де Паула Хуан Марија де лос Ремедиос Цириано де ла Сантисима Тринидад Мартир Патрицио Цито Руиз Пикасо.

Сите имиња се поврзани со светците или со некои од неговите роднини. Презимето го земал од неговата мајка, бидејќи повеќе му се допаднало од презимето на татко му, кое било Руиз.

Таткото на Пикасо бил сликар и професор по уметност, кој брзо го видел талентот на својот син, по што започнало неговото уметничко образование (Пабло имал само седум години).

Interesni fakti za Pablo Pikaso za koi mozebi ne ste znaele 02

Неговата прва слика ја завршил кога имал 9 години, а со 13 години бил примен на Факултетот за ликовни уметности во Барселона. За ригорозниот приемен испит, за кој обично се подготвуваат еден месец, а него му била потребна само една недела.

Во една прилика бил обвинет за кражба на Мона Лиза. Кога Пикасо имал 29 години, во 1911 година, познатата Мона Лиза била украдена од Лувр. Францускиот поет, Гијо Аполинер, бил обвинет за оваа кражба, а тој го повлекол својот пријател Пикасо во целата приказна. Така Пикасо бил уапсен и испрашуван. И двајцата биле ослободени, а две години подоцна бил откриен вистинскиот кривец, Винченцо Перугија.

Interesni fakti za Pablo Pikaso za koi mozebi ne ste znaele 03

Тој е најплодниот сликар во светот. За време на неговиот живот и кариера (повеќе од 75 години) Пикасо имал време да создаде многу уметнички дела.

Всушност, влегол во книгата на Гинес како уметник со најмногу дела - 13.500 слики и дизајни, 100.000 гравури, 34.000 илустрации за книги и 300 скулптури и дела од керамика.

Неговите слики биле украдени најмногу пати. Со оглед на бројот на делата не изненадува што ова се случувало често. Дури 1147 негови дела биле украдени, вклучувајќи ја и познатата кражба во Париз во 2010 година.  

Бидејќи сликите на Пикасо се многу вредни на пазарот, честите кражби и спорови не изненадуваат и не застануваат.

Interesni fakti za Pablo Pikaso za koi mozebi ne ste znaele 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава