Секоја мапа што сте ја погледнале е погрешна - Факти за континентите што не сте ги знаеле

Антарктикот е најголемата пустина во светот

Иако го гледаме Антарктикот како замрзнат свет, овој континент е всушност пустина. Причината е што пустините не се дефинирани со многу песок и натпросечни температури. Туку, за пустина се смета место кое губи повеќе вода отколку што добива од атмосферата.

Водата може да се добие преку дожд, снег, магла и слично. Истовремено, пустините имаат помалку од 250 милиметри вода од атмосферата на годишно ниво. Антарктикот добива помалку од 51 милиметар вода годишно.

Покрај тоа што е најголемата пустина на Земјата, Антарктикот е и најсувото место на Земјата. Во Сувите Долини на Антарктикот, нема заврнато снег или дожд две милиони години.

10-fakti-za-kontinentite-shto-verojatno-ne-ste-gi-znaele-04.jpg

Никој не ја знае границата помеѓу Европа и Азија

Веќе напоменавме дека Европа и Азија се истиот физички континент, поделен од геополитичка гледна точка. Помеѓу нив нема вода, а повеќето држави се на иста тектонска плоча.

Денес никој не знае каде е точната граница помеѓу Европа и Азија. Многуте тврдења најчесто се контроверзни. Неколку држави завршиле на другиот континент или се наоѓаат на границата помеѓу двата.

На пример, една можна граница сместува 75% од населението на Русија во Европа, иако Русија се смета за азиска држава.

Поради многуте проблеми, многу географи го користат името Евроазија, наместо Европа или Азија.

Секоја мапа што сте ја погледнале е погрешна

Мапите никогаш нема да бидат точни. Секоја мапа што сте ја погледнале е направена во две димензии, а светот е во три. Земјата не е совршена сфера, па е речиси невозможно да се направи нејзина мапа во две димензии.

Поради ова, 2Д мапите не можат да ја прикажат вистинската големина на континентите, ниту пак точната географска должина и ширина.

10-fakti-za-kontinentite-shto-verojatno-ne-ste-gi-znaele-05.jpg

Северна Америка речиси е поделена на два дела

Африка не е единствениот континент со раседна долина. Во Северна Америка постои пукнатина од пред 1,1 милијарда години. Пукнатината започнала во Мичиген и ги преминала Висконсин и Минесота, пред мистериозно да запре.

На научниците не им е јасно што го предизвикало прекинот на пукнатината. Она што го знаат е дека пукнатината би се поврзала со океанот, така што ќе создаде нов океан, кој би ја поделил Северна Америка на два континенти.

Северна Америка еднаш била поделена на два континенти

Пред околу 66 до 100 милиони години, Северна Америка сепак се поделила на два континенти. Ова немало никаква врска со пукнатината, туку поделбата била поради покачувањето на нивото на морето, кое завршило во пониските региони во средината на континентот.

Двата новосоздадени континенти постоеле милиони години, пред да започнете сушењето на морето, пред околу 70 милиони години.

Научниците веруваат дека сушењето е резултат на движењето на тектонската плоча на Северна Америка, како и ладењето на Земјата.

10-fakti-za-kontinentite-shto-verojatno-ne-ste-gi-znaele-06.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg