Неколку цитати од Битлси кои покажуваат зошто нивната музика речиси предизвика револуција

Британскиот рок бенд The Beatles бил оформен во Ливерпул, во 1960-тите. Членовите на бендот биле Џон Ленон, Пол Мекартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар и во нивната релативно кратка кариера (околу 10 години) тие станаа највлијателниот музички бенд во историјата.

 nekolku-citati-od-bitlsi-koi-pokazhuvaat-zoshto-nivnata-muzika-rechisi-predizvka-revolucija-01.jpg

Битлси се најпродаваниот бенд во историјата и имаат продадено над 800 милиони плочи. Но, Битлси биле многу повеќе од само бенд и нивните постапи и музика на некој начин предизвикаа вистинска психоделична револуција.

Џон Ленон беше најпознат помеѓу членовите поради неговите политички погледи, а беше убиен во 1980-та година. Постојат многу шпекулации дека неговата смрт е поврзана со ЦИА и ФБИ поради неговиот активизам, но сепак нема докази за ова.

Кариерата на бендот започнала со слатки љубовни песни како „I Wanna Hold Your Hand“ и „Love Me Do“, но подоцна нивната музика има политички и обединувачки тон со песните како „All You Need Is Love“ и „Imagine“ од соло кариерата на Ленон.

nekolku-citati-od-bitlsi-koi-pokazhuvaat-zoshto-nivnata-muzika-rechisi-predizvka-revolucija-02.jpg

Во продолжение прочитајте неколку неверојатни цитати од членовите на бендот кои нема да ве остават рамнодушни:

„Кога имав 5 години, мајка ми секогаш ми велеше дека среќата е смислата на животот. Кога одев на училиште ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Јас напишав 'среќен'. Ми рекоа дека не сум ја разбрал задачата, а јас им реков дека не го разбираат животот.“

„Го имаме овој дар, љубовта, но љубовта е како скапоцено растение. Не можете само да ја прифатите и да ја ставите во ормарот или да мислите дека ќе расте самата. Мора да продолжите да ја вадите. Мора навистина да се грижите за неа.“

„Постојат две основни мотивирачки сили – страв и љубов. Кога се плашиме, се повлекуваме од животот. Кога сме вљубени, отворени сме кон сè што ни нуди животот со страст, возбуда и прифаќање. Потребно е да научиме прво да се сакаме себеси, во сета наша слава и со сите наши несовршености.

Ако не можеме да се сакаме себеси, не можеме да се отвориме кон нашата способност да ги сакаме другите или кон нашиот потенцијал да креираме. Еволуцијата и сите надежи за подобар свет лежат во бестрашноста и луѓето со отворени срца кои го прифаќаат животот.“

„Верувам во сè, сè додека не е побиено. Па, верувам во самовили митови, змејови. Сето ова постои, дури и ако е во вашиот ум. Кој вели дека соништата и кошмарите не се реални како сега и овде?“

nekolku-citati-od-bitlsi-koi-pokazhuvaat-zoshto-nivnata-muzika-rechisi-predizvka-revolucija-03.jpg

„Не е важно кого сакате, каде сакате, зошто сакате, кога сакате или како сакате. Важно е само дека сакате.“

„Живееме во свет каде што треба да се криеме за да водиме љубов, додека насилството се одвива сред бел ден.“

„Сè што велиме е дајте му шанса на мирот.“

„Замислете си дека нема држави. Не е тешко да се направи. Ништо за коешто би умреле или убиле. Исто така да нема и религија.“

„Она што го направија 60-тите е тоа што ни ги покажаа можностите и одговорностите што ги имаме сите. Тоа не беше одговорот. Само ни даде увид кон можноста.“

nekolku-citati-od-bitlsi-koi-pokazhuvaat-zoshto-nivnata-muzika-rechisi-predizvka-revolucija-04.jpg

„Верувам дека Исус бил во право, Буда бил во право и сите такви луѓе биле во право. Сите велат едно нешто и јас верувам во тоа. Верувам во она што Исус всушност го кажал, основните нешта што ги положил за љубовта и добрината, а не во она што луѓето велат дека рекол.“

„Не се грижам премногу за пари, парите не можат да ми купат љубов.“

„Христијанството ќе си оди. Ќе исчезне и ќе се смали. Не треба да се расправам за тоа, во право сум и ќе се докаже дека сум во право. Сега сме попопуларни од Исус.

Не знам што ќе замине прво, рокенролот или христијанството. Исус бил во ред, но неговите ученици биле обични. Нивното извртување е она што го уништува.“

„Нема место каде што можете да бидете, а да не треба да бидете таму.“

„Единственото нешто што можам да ви го кажам е дека треба да бидете слободни.“

„И кога луѓето со скршено срце кои живеат во светот ќе се согласат, ќе дојде одговор.“

„Сè што ви е потребно е љубов.“

nekolku-citati-od-bitlsi-koi-pokazhuvaat-zoshto-nivnata-muzika-rechisi-predizvka-revolucija-05.jpg

„Замислете си сите луѓе да живеат во мир. Можеби ќе речете дека сум сонувач, но не сум единствениот. Се надевам дека еден ден ќе ни се придружите и дека светот ќе биде едно.“

„На крајот, љубовта што ја земате е еднаква на љубовта што ја правите.“

„Нашето општество го водат луди луѓе за луди цели. Мислам дека сме водени од манијаци за манијачки цели и мислам дека сум должен да ме затворат како луд што го искажувам ова. Тоа значи да си луд.“

„Животот е премногу краток, па нема време за грижа и расправање.“

„Не заборавај да ја пуштиш во твоето срце.“

„Можеби сум восхитен од начинот на којшто ме сакаш постојано. Можеби се плашам од начинот на којшто те сакам. Можеби сум восхитен од начинот на којшто ме извади од времето. Можеби сум восхитен од начинот на којшто навистина ми требаш.“

„Нема да го променам начинот на којшто изгледам или начинот на којшто се чувствувам за да се согласам со нешто. Отсекогаш сум бил лудак. Сум бил лудак целиот мој живот и треба да живеам со тоа. Јас сум еден од оние луѓе.“

 Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава