20 моќни цитати од Кијану Ривс кои ќе ви ги отворат очите

Тој е еден од најдарежливите актери во Холивуд и пред сè е човек, а за тоа се доказ сите негови дела низ годините.

15-mokjni-citati-od-kijanu-rivs-koi-kje-vi-gi-otvorat-ochite-01.jpg

Кијану Ривс имал тежок живот и загубил многу блиски луѓе, но тоа го научило како да го продолжи животот на правилен начин и да стане подобар човек.

Тој е инспирација за секого, а неговите приказни и цитати ќе ви ги отворат очите и ќе почнете да го гледате светот и животот од поинаков агол.

Во продолжение неколку инспиративни цитати од Кијану за подобар, посреќен и успешен живот:

„Ако можете да насмеете жена, уживајте, бидејќи тоа е најубавата глетка што може да ја видите на планетата Земја.“

„Понекогаш, непријателите ни се најдобри учители – луѓето може да научат од своите грешки, а уништувањето некогаш може да значи повторно раѓање.“

„Ако сте биле брутално скршени однатре, но сепак имате храброст да бидете нежни и љубезни кој други живи суштества, тогаш сте храбра личност со ангелско срце.“

„Парите не ми значат ништо. Сум заработил многу пари, но сакам да уживам во животот и да не си создавам стрес дека морам да ја наполнам сметката во банка. Давам многу пари и не се грижам за тоа. Сите знаеме дека доброто здравје е многу поважно од парите.“

„Со тек на време, тагата и жалењето може да ја сменат формата, но никогаш нема да исчезнат.“

20-mokjni-citati-od-kijanu-rivs-koi-kje-vi-gi-otvorat-ochite-03.jpg

„Мора да го промените вашиот живот ако не сте среќни и да се разбудите ако работите не се одвиваат како што сакате.“

„Единствената личност која ме спречуваше да бидам среќен, сум јас.“

„Понекогаш, толку сме зафатени и заглавени во секојдневната рутина, што забораваме да најдеме време и да уживаме во убавините на животот.“

„Секоја тешка битка во животот ви помогнала да ја оформите личноста која што сте денес. Бидете благодарни за тешките периоди, тие само ве прават посилни.“

„Бакнувањето со некого е прилично интимно, односно, многу интимно и срцето секогаш прескокнува некое отчукување пред да се бакнете.“

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
„Ако си премногу фин, само ќе те изедат жив“ - Најпознатите цитати од Златан Ибрахимовиќ „Посакувам секој на овој свет да може да оди до неговиот фрижидер и да избере шт...
„Најчеста лага е онаа што си ја кажуваме себеси“ – Мудри цитати од Фридрих Ниче за животот и љубовта... „Ниту најмоќните очила понекогаш не успеваат да ја излекуваат личноста што е вљу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg