Животните неуспеси се неизбежни - 10 факти што луѓето упорно одбиваат да ги прифатат

Дали некогаш сте се запрашале зошто луѓето цело време прават исти грешки? Ова го прават скоро сите, дури и паметните и образованите луѓе. 

zhivotnite-neuspesi-se-neizbezhni-10-fakti-shto-lugjeto-uporno-odbivaat-da-gi-prifatat-01.jpg

Тајната е многу едноставна: постојат некои вистини во животот кои никој не сака да ги признае. Наместо тоа, се вртиме во кругот на личните неуспеси.

Кои се тие општо прифатени стандарди кои нè спречуваат да живееме добро?

1. Со тоа што постојано им простувате на сите, му помагате на злото да остане неказнето

Многу „исцелители на душата“ ја користат фразата: „Морате да бидете во можност да простите. Само на овој начин можете да влезете во нов ден со чисти мисли и дух.“

Простување засновано на надминување на сопствените негативни искуства, со цел да се постигне хармонија со самиот себе, е само за вас, а не за личноста што ве навреди.

Целта не e да се прости туку да не се обвинува. И тоа е убаво, благородно, корисно и неопходно.

2. Животните неуспеси се неизбежни

Парадоксално, успешните луѓе станале успешни токму затоа што се сопнале многу пати. Многумина не успеале, но не се предавале. Ова можете да го прочитате во секоја биографија и да го видите во многу филмови.

3. Парите се сепак важни

Од „памтивек“, постарите генерации повторуваат дека парите не се главната работа во светот. Парите нема да ви донесат среќа, љубов или здравје.

Сега ајде да размислиме трезвено и да признаеме отворено: со парите сепак имате поголема веројатност да бидете среќни, сакани и здрави.

Со пари имате подобра шанса да го видите светот, да се реализирате, да ја импресионирате околината, да најдете сродна душа или да им помагате на гладните деца во Африка.

Од друга страна, ако немате пари ќе ви биде малку потешко да го направите сето тоа и уште многу други работи кои ги посакувате.

Zivotnite neuspesi se neizbezni 10 ocigledni fakti sto lugeto uporno odbivaat da gi razberat 02

4. Дури и за најголемиот неуспех постои изговор

Нашиот мозок е генијален. Со оваа банална фраза ја отвораме темата што воопшто не е банална. Факт е дека нашите мозоци постојано ја оправдуваат нашата неспособност и мора да признаеме, ова функционира извонредно.

Го оправдуваме стравот од промена на работното место со стабилност; страв од барање помош од професионалци со гордост; неможност за реализација со верба дека немаме доволно талент.

Во принцип, постојано наоѓаме добри причини да не сториме нешто.

5. Секогаш кажувај „да“ не е најдобро правило

Всушност, зборот „не“ не е поврзан со негативноста. Напротив, може да се каже дека е поврзано со волјата и рационалниот избор на луѓе. Треба да знаеме да кажеме „да“, но во исто време не треба да ја потценуваме моќта да се каже „не“.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава