Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Кучињата никогаш не ме каснале, само луѓе“ - Мудри цитати од Мерилин Монро

Мерилин Монро (1926 - 1962) или Норма Џин Бејкер, била американска актерка, пејачка, манекенка и танчерка. Глумела во многу успешни холивудски филмови во 50-тите години на минатиот век.

Kucinjata nikogas ne me kasnale samo luge Vaka zboruvala Merilin Monro 01

Иако се сметала за секс симбол, Мерилин Монро размислувала и ја споделувала својата мудрост со фановите.

Ова се некои од најубавите цитати на Мерилин Монро:

„Верувам дека сè се случува со причина! Луѓето се менуваат за да научите да ги пуштите. Работите не одат добро, за да знаете да процените кога сте во право. Верувате во лаги, за да научите дека не треба да верувате на никој, само на себе.“

„Јас сум себична, нетрпелива и малку несигурна. Понекогаш правам грешки, а понекогаш немам контрола. Но ако не можете да ме издржите кога сум најлоша, сигурно не ме заслужувате кога сум најдобра.“

„Убавината е во несовршеноста. Лудилото е генијално и подобро е да се биде апсолутно смешен отколку апсолутно досаден.“

Kucinjata nikogas ne me kasnale samo luge Vaka zboruvala Merilin Monro 02

„Холивуд е место кое ќе ви плати илјада долари за бакнеж и педесет центи за вашата душа. Знам, бидејќи ја отфрлив првата понуда доволно пати и сè уште се држам до втората.“

„На жените кои се стремат да бидат еднакви со мажите им недостига амбиција. Не ми пречи да живеам во машки свет, сè додека можам да бидам жена во него.“

„Ако ги почитував сите правила, никогаш немаше да стигнам до тука.“

„Кучињата никогаш не ме каснале. Само луѓе.“

Kucinjata nikogas ne me kasnale samo luge Vaka zboruvala Merilin Monro 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...
Го обвини за силување, па се премисли: Факти за бракот (и скапиот развод) на Доналд и Ивана Трамп Се разведоа бидејќи Доналд имаше афера, а по бурниот развод кој траеше две годин...
Никола Тесла и Исак Њутн никогаш немале односи со жена: 8 чудни факти за познати научници Знаете ли дека Алберт Ајнштајн добил понуда да биде претседател на Израел? Зн...
Детали од животот на Европјаните во минатото заради кои ќе бидете благодарни што сте родени во модер... Се бањале многу ретко, а освен богатите, останатите обично имале само едно парче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg