Цитати од славните личности кои ќе ве мотивираат да го живеете животот како што вие сакате
Не е чудо, ниту пак срамота тоа што на сите некогаш ни треба мотивација за да станеме од кревет наутро.
Затоа ве мотивираме со неколку цитати од познати личности со кои ќе се инспирирате да продолжите да го правите она што навистина го сакате во животот:
Бијонсе
„Секогаш кога не се чувствувам добро, го користам тоа чувство за да се мотивирам себеси да работам повеќе. Си дозволувам само еден ден да седам и да се сожалувам.
Кога не се чувствувам баш најдобро се прашувам самата себе „Што ќе направиш во врска со тоа“? Ја користам негативноста како гориво за да се трансформирам во подобра личност.“
Мишел Обама
„Една од најважните лекции со кои пораснав беше секогаш да останам искрена со себе и никогаш да не дозволам некој да ми го одвелече вниманието од мојата цел. Па кога и да слушнам за некои лажни и негативни омаловажувања, јас навистина не вложувам енергија во нив, затоа што знам која сум навистина.“
Џенет Џексон
„Јас сум убедена дека ние жените со темна кожа поседуваме посебна неуништлива сила што ни овозможува не само да паѓаме, туку да стануваме, да се пробиваме и да се надминуваме.“
Маја Анџелоу
„Ти можеш да стенеш успешен само во нешто што навистина го сакаш. Немој парите да ти бидат целта. Наместо тоа, следи ги работите што сакаш да ги правиш, и потоа прави ги толку многу добро што луѓето нема да можат да го тргнат погледот од тебе.“
Дајана Рос
„Не можеш само да седиш и да чекаш луѓето да ти го дадат златниот сон. Мораш да излезеш и да го направиш тоа самиот за себе.“
Опра
„Неуспехот е најдобриот учител, и ако го прифатиш, секоја грешка нуди своја лекција.“
Џејн Фонда
„Никогаш не е доцна да почнеш одново, никогаш не е доцна да бидеш среќен“
Рајан Гослинг
„Јас научив дека е многу важно да не си поставуваш лимит самиот на себе. Ти можеш да направиш сè што сакаш, без разлика што е тоа.“
Стив Џобс
„Твоето време е ограничено, па затоа не го троши живеејќи во нечиј друг живот.“
Т. Ѓ. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





