„Победниците бараат начини, а губитниците причини“ - најдобрите цитати од најупорните спортисти на сите времиња

Мајкл Џордан, Усеин Болт, Михаел Шумахер, Џорџ Бест… тоа се имињата кои ги знаеме речиси сите кои барем малку се интересираме за спорт. Имињата на вистински, истрајни победници кои истакнуваат дека не е важно колку си талентиран, доколку не работиш, односно тренираш вредно и напорно.

Najdobrite-citati-od-najupornite-sportisti-01.jpg

Прочитајте ги нивните најдобри цитати, сигурно ќе се инспирирате да постигнете повеќе во животот:

„Докторите и научниците рекле дека е невозможно да се истрча една милја под четири минути и дека човекот веројатно би умрел при таков обид. Поради тоа кога се кренав после падот откако ја поминав целта, сфатив дека сум мртов“ – Роџер Банистер

„Ако жената ве победува во тенис, сменете го спортот. Ако жената ве победува во бокс, сменете ја жената“ – Мухамед Али

„Шампионите не се создаваат во теретана. Шампионите се создаваат од нешто што го носат длабоко во себе – желбата, визијата, сонот“ – Мухамед Али

„Многу пати сум изгубил, но никогаш не сум отишол на натпревар очекувајќи дека ќе се случи тоа“ – Мајкл Џордан

„Оној којшто рекол дека победата или поразот не се важни и дека најбитното е да се учествува, веројатно и самиот бил поразен“ – Мартина Навратилова

„Кога сум на паркетот, не размислувам многу за работите надвор од него. Ако имам проблеми во приватниот живот, по натпреварот мојата визија е појасна и проблемот се чини полесен. Тоа ви е како терапија. Кошарката ме релаксира и ми помага да ги решам проблемите“ – Мајкл Џордан

Моите мисли пред големите трки се прилично едноставни. Секогаш си зборува на себеси – стартувај добро, истрчај ја својата трка и биди опуштен. Доколку трчаш релаксирано и ја насочиш својата енергија… ќе победиш“ – Карл Луис

„Границите не постојат. Колку повеќе сонуваш, толку подалеку ќе стигнеш“ – Мајкл Фелпс

„За да станеш шампиони мораш да веруваш во себе дури и кога никој друг не верува во тебе“ – Шугар Реј Џонсон

„Разликата помеѓу возможното и невозможното лежи во човековата одлучност“ – Томи Ласорд

„Јас сум најдобриот–тоа го реков дури и пред да станам таков“ – Мухамед Али

„Болката е привремена. Доколку се откажете тоа ќе ве следи вечно“ – Ленс Армстронг

„Можам и да изгубам и да победам, но никогаш нема да бидам поразен“ – Емит Шмит

„Сè додека работите не станат математички невозможни, ќе продолжам да се борам“ – Михаел Шумахер

„Топчето не знае колку години имам“ – Мартина Навратилова

„Можам да го прифатам неуспехот. Но, не можам да престанам да се обидувам“ – Мајкл Џордан

„Немојте да бидете само публика, не дозволувајте животот да помине покрај вас“ – Лу Холц

„Победникот никогаш не престанува да се обидува“ – Том Лендри

„Тренираш целиот живот за натпревар од само 10 секунди“ – Џеси Овенс

„Успехот не е нешто што се случува сам по себе, успехот се учи, успехот се тренира, а потоа се дели во другите“ – Спарки Андерсон

„Победниците бараат начини, а губитниците причини“ – Џорџ Бест

„Оние кои се во потрага по слава, не ја заслужуваат… оние коишто ја заслужуваат, не им е потребна“ – Анте Костелиќ

„Талентот го добива натпреварот, но тимската работа и интелигенцијата освојуваат шампионати“ – Мајкл Џордан

„Знаете ли кој дел од играта е мојот омилен дел? Можноста да играм“ – Мајк Синглтери

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
Проклетството на Џон Рокфелер: Еден негов внук го изеле човекојадци, а друга внука си ги убила ќерки... Нивното презиме е синоним за богатство и се смета дека основачот на империјата б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg