Тројанскиот коњ не постоел - Познати историски настани што најверојатно не се случиле

Врз главата на Исак Њутн не паднало јаболко

Мит

Исак Њутн седел под јаболкница, кога врз главата му паднало јаболко. Тогаш ја добил идејата за теоријата за гравитацијата.

Вистина

Јаболката можеби му помогнале на Њутн, но не како во приказната.

Откако Њутн си заминал од Кембриџ, се вратил дома и продолжил да работи на проблемите со кои се занимавал на универзитетот. Тој сметал дека гравитацијата влијае на големи растојанија.

Њутн ги набљудувал јаболката во градината на неговата мајка, но работел неколку години на математиката, за да ја добие крајната формула.

trojanskiot-konj-ne-postoel-istoriski-nastnai-koi-najverojatno-ne-se-sluchile-07.jpg

Телото на Волт Дизни не е замрзнато

Мит

Наводно, телото на познатиот Волт Дизни е замрзнато, за кога ќе постои соодветната технологија, тој да може да се врати во живот.

Вистина

Овој мит е побиен од ќерката на Дизни, Дајен. Во реалноста, Дизни бил кремиран.

trojanskiot-konj-ne-postoel-istoriski-nastnai-koi-najverojatno-ne-se-sluchile-08.jpg

Нерон не свирел на лира додека Рим горел

Мит

Римскиот император Нерон го запалил Рим и свирел на лира додека градот горел.

Вистина

Иако историчарите сè уште не се сигурни што се случило, голем дел веруваат дека Нерон немал никаква врска со пожарот. Најверојатно, Нерон бил отсутен кога започнал пожарот, а кога ги слушнал вестите, ги отворил неговите градини и им понудил засолниште на луѓето.

Сепак, некои веруваат дека токму тој го подметнал пожарот, бидејќи не му се допаѓал изгледот на градот и сакал да го изгради одново.

Како и да е, едно е сигурно – Нерон не свирел на лира, бидејќи во тој период инструментот не ни постоел.

trojanskiot-konj-ne-postoel-istoriski-nastnai-koi-najverojatno-ne-se-sluchile-09.jpg

Покахонтас и Џон Смит немале љубовна приказна

Мит

Доколку ви е гледан анимираниот филм на Дизни, веројатно ја знаете љубовната приказна помеѓу Покахонтас и Џон Смит. Покахонтас била Индијанка, која се вљубила во британецот-колонист Џон Смит.

Вистина

Кога Покахонтас, чие вистинско име било Матоака, го сретнала Смит, таа имала само 11 години. Џон, пак имал 27 години. Тие минувале време заедно, но помеѓу нив немало ништо романтично.

trojanskiot-konj-ne-postoel-istoriski-nastnai-koi-najverojatno-ne-se-sluchile-10.jpg

Ајнштајн никогаш немал лоши оценки по математика

Мит

Многумина веруваат дека на Ајнштајн воопшто нему одела математиката на училиште.

Вистина

Ајнштајн бил одличен математичар и веќе на 15-годишна возраст знаел диференцијално и интегрално сметање. Доказ за тоа е и неговото свидетелство.

trojanskiot-konj-ne-postoel-istoriski-nastnai-koi-najverojatno-ne-se-sluchile-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава