Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


15 психолошки цитати на Карл Јунг кои ќе ви помогнат полесно да се разберете себеси

Карл Густав Јунг слободно може да го наречеме позитивен психолог и филозоф. Овој швајцарски психијатар е основач на движењето познато како аналитичка психологија. Во која било состојба на нервоза или депресија, тој пронаоѓал импулс за ширење на свеста.

Citati-Karl-Jung-01.jpg

Иако повеќето од делата што Јунг ги напишал не се лесни за читање, при што собено се обемни трудовите во кои пишувал за аналитичките методи и поврзаноста на психотерапијата со религиското убедување, сепак издвоивме неколку негови „поедноставни“, но длабоки и мудри цитати кои ќе ви помогнат полесно да се разберете себеси:

„Ако човек не сфаќа некоја друга личност, тогаш тој истата ја смета за будала“.

„Најтешкиот товар кој лежи на детските рамена е непроживеаниот живот на нивните родители“.

„Твојата визија ќе стане јасна тогаш кога ќе го погледнеш своето срце. Оној кој го гледа однадвор, гледа само соништа, а оној кој гледа во себе, се буди“.

„Осаменоста не се отсликува со отсуството на луѓе околу вас, туку со неможноста да се разговара со луѓето за тоа што ви е значајно вам или неприфаќањето на вашите уверувања“.

„Депресијата е како дама во црно. Ако дошла кај вас - не ја бркајте. Викнете ја на маса, како гостин, и слушнете што таа има да ви каже“.

„Ако сте талентиран човек, тоа не значи дека нешто сте добиле. Тоа значи дека можете нешто да дадете“.

„Она на коешто му се спротивставуваш - опстанува“.

„Осудата не ослободува, туку гуши“.

„Вашиот поглед ќе стана јасен само тогаш кога ќе можете да погледнете во сопствената душа“.

„Јас не сум она што ми се случило, јас сум она што одлучив да бидам“.

„Можеме да мислиме дека целосно се контролираме себеси. Но пријателите лесно ќе ни го кажат она што не го гледаме“.

„Тажна е вистината дека човечкиот живот се состои од збир на непомирливи спротивности - ден и ноќ, раѓање и смрт, среќа и несреќа, добро и зло. Ние, не сме ни сигурни дека една ќе надвладее над другата, дека доброто ќе го совлада злото, а радоста ќе ја уништи тагата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
„Ги оставам луѓето кои не ме ценат - ја знам својата вредност“: Моќни цитати од легендарниот Ентони ... „Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават маж“ - вели еден о...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
15 забавни цитати за тетките (малку ‘лудата’ тетка е најзабавна) „Можеби не сум родител, но како тетка, имам супермоќ: да ги разгалувам децата и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg