Рејчел била разочарана, единствено Џои го предвидел успехот - Факти за омилената тематска песна од серијата „Пријатели“

„Пријатели“, една од најгледаните серии во светски размери.

Rejchel-bila-razocharana-edinstveno-Dzoi-go-predvidel-uspehot-fakti-za-omilenata-tematska-pesna-od-serijata-Prijateli 01 630x340.jpg

Хумор којшто можете да го гледате одново и одново и никогаш да не ви здодее.

Без разлика на тоа што снимањето на овој серијал одамна заврши, многумина од луѓето нејзините епизоди и реплики ги знаат на памет, па дури и непрекинато „копаат“ во личниот живот на незаборавната актерска екипа.

Колку што ја сакаме серијата, толку многу исто така ја обожаваме нејзината тематска песна.

Легендарната „I’ll Be There for You“ во изведба на „Рембрантс“ е тематската песна која со сигурност претставува едно од главните обележја на серијалот.

Оваа песна за првпат премиерно била прикажана во 1994 година.

Во продолжение ви претставуваме интересни факти за „заразната“ песна од „Пријатели“ за кои ретко кој од нас веројатно некогаш слушнал:

1. Дали станува збор за глупава песна?! Можеби...

Несомнено е дека светот одлично ја прифати оваа певлива песна, но за жал актерската екипа не.

Ниту еден од актерските членови на почетокот не ја сакал насловната песна. Тие сметале дека е чудно и глупаво да танцуваат како будали во сред ноќ покрај „замрзнатата“ фонтана.

Никој од нив не верувал дека токму оваа нумера ќе има проценти заслужност за нивниот енормен успех.

Rejchel-bila-razocharana-edinstveno-Dzoi-go-predvidel-uspehot-fakti-za-omilenata-tematska-pesna-od-serijata-Prijateli 02 630x400.jpg

2. Рејчел односно Џенифер била разочарана

Во едно нејзино интервју каде што била прашана токму за тематската песна таа одговорила:

„Чувствувавме дека е малку... Не знам...Танцувaње во фонтана?! Навистина се чинеше необично. Единствената причина што го сторивме тоа е затоа што бевме замолени“.

3. Ракоплескањето во песната претставува многу важен дел, но тој првично не требало да постои

Откако завршило снимањето на тематската песна, студиото било „презаситено“ од овации и ракоплескања од страна на присутните.

Всушност, оттука дошла идејата истото да се вметне и да донесе поголема ритмичност.

4. Колку ракоплескање? Еднаш, двапати, трипати?!

Колкупати актерската екипа требало „да пукне“ со дланките, било прашање со огромни контроверзии.

Легендарните Рејчел, Рос, Моника, Чендлер и Џои навистина се измачиле околу оваа задача, односно секојпат имало некој кој погрешувал со броењето.

Најмногу грешки во броењето правела Моника.

Точниот број бил четири, а не пет, како што тие, а можеби и ние мислиме.

Rejchel-bila-razocharana-edinstveno-Dzoi-go-predvidel-uspehot-fakti-za-omilenata-tematska-pesna-od-serijata-Prijateli 03 630x400.jpg

5. Тематската песна на „Пријатели“ отсекогаш била нешто поразлично

Обично, Дани Вајлд и Фил Солем, познати како дуото на „Рембрантс“ ги пишувале повеќето свои песни, но насловната нумера „I’ll Be There for You“ ја напишале Мајкл Склоф и Али Вилис, имено творци на „Пријатели“.

6. Дали оригиналната мелодија била создадена специјално за тематската песна?

Насловната песна на серијата „Пријатели“ не требала да звучи онака како што ден-денес ја слушаме.

Оригиналната мелодија за која се одлучиле била „Shiny Happy People“ од R.E.M., но на крајот таа сепак била одбиена.

7. Песната е автобиографска и е исполнета со чисти емоции

Склаф и Вилис ги „преточиле“ вистинските и чисти чувства од нивното пријателство кои резултирале во песна, денес позната низ целиот свет, но всушност таа вистински им припаѓа на нив.

Можеби, тоа е уште една причина поради којашто толку добро се поврзуваме со неа и ги чувствуваме емоциите во секој нејзин збор.

Rejchel-bila-razocharana-edinstveno-Dzoi-go-predvidel-uspehot-fakti-za-omilenata-tematska-pesna-od-serijata-Prijateli 04 630x400.jpg

9. Извршниот продуцент бил обожавател на „Рембрантс“

Тематската песна на серијалот „Пријатели“ претходно била понудувана на различни рок бендови како „They Might Be Giants“ и „ R.E.M.“, но на крајот биле избрани „Рембрантс“, бидејќи Брајт, извршниот продуцент бил голем обожавател на дуото.

Rejchel-bila-razocharana-edinstveno-Dzoi-go-predvidel-uspehot-fakti-za-omilenata-tematska-pesna-od-serijata-Prijateli 05 630x550.jpg

10. Фонтаната се појавува само во тематската песна

Познатата фонтана која се појавува во секое претставување на „Пријатели“, всушност не е во Менхетн, па дури и во Њујорк.

Фонтаната, всушност се наоѓа во Бурбанк, Калифорнија, на ранчот на братот на Ворнер.

Оваа фонтана била избор во последен момент бидејќи Марта Кауфман и продуцентите долго трагале по совршен амбиент.

Rejchel-bila-razocharana-edinstveno-Dzoi-go-predvidel-uspehot-fakti-za-omilenata-tematska-pesna-od-serijata-Prijateli 06 630x400.jpg

11. Ништо не е никогаш како што изгледа

Фонтана-сцената била снимена во 4 часот по полноќ и актерската екипа била прилично напната поради студот.

Погледнете ги само сериозните изрази на нивните лица.

Rejchel-bila-razocharana-edinstveno-Dzoi-go-predvidel-uspehot-fakti-za-omilenata-tematska-pesna-od-serijata-Prijateli 07 630x400.jpg

12. Единствено Џои го предвидел големиот успех

Откако завршиле со снимање, Џои бил единствениот кој тврдел дека песната ќе стане вистински хит.

И тоа и се случило, песната „I’ll Be There for You“ го достигна второто место во Велика Британија и седумнаесеттото на американскиот Билборд Хот 100.

Оваа супер-популарна тематска песна стана број 1 сингл на американските поп-топ листи.

Исто така, првата позиција ја зазема и во Шкотска, Канада и уште плус 10 други земји.

Rejchel-bila-razocharana-edinstveno-Dzoi-go-predvidel-uspehot-fakti-za-omilenata-tematska-pesna-od-serijata-Prijateli 08 630x400.jpg

За крај, да се потсетиме на овој незаборавен хит:

                 

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg