12 инспиративни цитати што ќе го разбудат писателот во вас

Се обидувате да добиете инспирација? Се борите да ги најдете вистинските зборови? Колку и да сакате да верувате дека пишувањето е лесно, пречките често делуваат огромно и несовладливо?

12 motivacioni citati sto ke go izvlecat pisatelot vo vas 01

Блокадите и недостигот на волја за пишување се често дел од проблемот што го имаат писателите и оние што сакаат да станат добри писатели.

Овие 12 инспиративни цитати ќе ви помогнат да го рабудите писателот од вас или, во најмала рака, ќе ве инспирираат да почнете да пишувате:

„Писателот е некој за кого пишувањето е потешко отколку за другите луѓе.“ - Томас Ман

„Ако немате време да читате, немате време (или алатки) да пишувате. Толку е едноставно." - Стивен Кинг

 „Еден ден ќе ги најдам вистинските зборови и тие ќе бидат едноставни.“ - Џек Керуак

„Постојат три правила за пишување роман. За жал, никој не ги знае.“ - В. Сомерсет Мом

„Пишувањето е општествено прифатлива форма на шизофренија.“ - Е.Л. Докторов

„И, патем, сè во животот може да се запише, ако имате храброст да го направите тоа и имагинација да импровизирате. Најлошиот непријател на креативноста е сомневањето во себе.“ - Силвија Плат

12 motivacioni citati sto ke go izvlecat pisatelot vo vas 02

„Нема солзи кај писателот, нема солзи кај читателот. Нема изненадување кај писателот, нема изненадување кај читателот.“ - Роберт Фрост

„Не ми кажувај дека месечината сјае, покажи ми го нејзиниот одблесок врз скршеното стакло.“ - Антон Чехов

„Почнете да пишувате, не е важно што. Водата не тече додека не се пушти чешмата.“ - Луис Ламур

„Збор по збор по збор е моќ.“ - Маргарет Атвуд

„Напишете ја приказната што сакате да ја прочитате. Луѓето ќе ви дадат секаков совет за пишување, но ако не пишувате за нешто што ви се допаѓа, истото на никој друг нема да му се допаѓа.“ - Мег Кабот

„Аматерите седат и чекаат инспирација, додека останатите стануваат и започнуваат со работа.“ - Стивен Кинг

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...
Три брака, големи здравствени проблеми во детството - Каде е денес Сертаб Еренер, турската победничк... Сертаб Еренер е единствената претставничка на Турција која победи на Евровизија....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg