Алкохолизмот на Бред им оставил трауми - Факти за децата на Пит и Џоли

На Анџелина ѝ било тешко да биде домаќинка

Актерката изјави дека после разводот, ѝ било тешко да се справи со домаќинството. Сепак, со текот на времето се подобрувала.

„Се обидувам 9 месеци да бидам добра домаќинка, да мијам садови и да читам приказни пред спиење. Сега станувам подобра“, изјави актерка.

Не следат многу правила

Сонот на секое дете е да не мора да следи никакви правила. Децата на Бред и Анџелина навистина имаат голема слобода, а многумина се убедени дека родителскиот стил на Анџелина бил причина за проблеми во бракот.

Актерката смета дека децата треба да имаат слобода да се искажат како што сакаат.

pomalku-poznati-fakti-za-decata-na-bred-pit-i-angelina-jolie-05.jpg

Немале „време за легнување“

После разводот, се појавија многу гласини за тоа дека Бред и Анџелина се расправале за распоредот на спиење на децата.

Додека Анџелина сметала дека децата не треба да имаат време за легнување, Бред сакал построг пристап.

Захара и Шајло имаа операции

Неодамна Анџелина откри дека Захара имала сериозна хируршка процедура, додека една од помладите ќерки имала операција на колкот.

Актерката не нагласи за кое девојче станува збор, но на интернет се појавија фотографии од Шајло со патерици.

Актерката не сака да споделува детали бидејќи ја почитува приватноста на нејзините деца.

pomalku-poznati-fakti-za-decata-na-bred-pit-i-angelina-jolie-06.jpg

Фотографиите од Шајло беа продадени за милиони долари

Во 2006-та светот не можеше да се засити од Бред и Анџелина, особено кога го очекуваа првото дете.

Наводно, магазинот People платил 4 милиони долари за ексклузивни фотографии од Шајло.

Во 2018-та, пак, парот добил 14 милиони долари за фотографии од близнаците.

Не одат во јавни училишта

Децата ги подучуваат приватни тутори за кои се вели дека знаат неколку јазици.

Наводно, Анџелина сакала посвоените деца да останат поврзани со нивната култура и им го овозможува тоа преку овие тутори

pomalku-poznati-fakti-za-decata-na-bred-pit-i-angelina-jolie-07.jpg

Не им е грижа за социјалните мрежи

За разлика од повеќето деца на познатите, децата на Бред и Анџелина не се заинтересирани за социјални мрежи.

Се верува дека ова е поради фактот што им беше забрането да ги користат социјалните мрежи кога беа многу мали. Сепак, веројатно е подобро што ја избегнале оваа зависност.

Некој период живееја во Англија

Кога Анџелина дозна за снимањето на продолжението на Maleficent, дозна и дека ќе треба да помине неколку месеци во Англија.

Тој период ја придружуваа и децата.

pomalku-poznati-fakti-za-decata-na-bred-pit-i-angelina-jolie-08.jpg

Охрабрени се да ги следат нивните соништа

Кога Бред доби Оскар на овогодишното доделување, го прашаа дали сака неговите деца да ги следат неговите чекори.

Актерот изјави:

„Сакам да ја следат нивната искра, да ги следат нивните страсти, она за коешто се најмногу заинтересирани. Важно е да ги водиме, но тие треба да пробаат сами и да ја откријат нивната страст.“

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
Се запишале на факултет со лажен идентитет: Што знаеме за ќерките на Владимир Путин? Владимир Путин има две ќерки од првиот брак. Нивните имиња ѝ се познати на јавно...
Од дете на бегалци до кралица на која сите ѝ се восхитуваат – Факти за Ранија, кралицата на Јордан Побегнала од Кувајт кога имала само 21 година, работела во банка, а денес е крал...
Аину народот и нивната традиција: Мажите не се бричат, девојките се тетовираат пред да се омажат Поради изгледот биле дискриминирни од Јапонците. Пред да се омажат, девојките ст...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg