Со појавата на Попај, продажбата на спанаќот се зголемила за 33% - интересни факти за култниот цртан лик

Цртаните филмови го одбележуваат детството на повеќето луѓе, а многумина кои пораснаа во 90-тите години сигурно добро се сеќаваат на легендарниот морнар Попај.

So-pojavata-na-Popaj-prodazhbata-na-spanakjot-se-zgolemila-za-33%-interesni-fakti-za-kultniot-crtan-lik-koj-go-proslavi-spanakjot povekje 01 630x340.jpg

Бестрашниот херој, „до уши“ заљубен во својата Олива, кој јадејќи од спанаќот наоѓа сила да се бори со сите антагонисти остави неизбришлив белег на најмладата публика низ целата поранешна Југославија, но многумина веројатно не знаат дека Попај морнарот навистина постоел.

Да, тој навистина постоел и неговото име било Френк „Роки“ Фигл. Бил роден во Полска во 1868 година.

Во младоста бил морнар, а кога се пензионирал работел во таверна во Честер, град во американската држава Илиноис, каде што имал задача да чисти и одржува ред во една кафеана.

Френк односно Попај бил познат како кавгаџија, постојано се тепал и запаѓал во конфликти, поради што се здобил со своето „деформирано“ око (Поп-око), кое всушност е виновникот за неговиот прекар.

So-pojavata-na-Popaj-prodazhbata-na-spanakjot-se-zgolemila-za-33%-interesni-fakti-za-kultniot-crtan-lik-koj-go-proslavi-spanakjot povekje 02 630x380.jpg

Тој секогаш пушел луле, така што при неговото зборување мрдал само со едната страна од устата.

Децата го обожавале, а и тој нив исто така и секојдневно им раскажувал приказни за своите морнарски походи, вредни за помнење.

Френк починал во 1947 година, а на неговата надгробна плоча пишува: „Човекот кој беше главната инспирација за Попај“.

Во продолжение ви претставуваме 10 факти за незаборавниот морнар Попај:

1. Попај морнарот за првпат  се појавил во стрип од весникот „King Features“, на 17 јануари, 1929 година. 

Негов создавач е американскиот  цртач на стрипови Елис Сегар, кој го внесува Попај како нов лик во цртаниот стрип „Тимбл театар“, стар десеттина години.

2. Џеј Велингтон Вимпи, симпатичниот пријател на Попај со прекумерна тежина, огромен љубител на хамбургер, својот прекар го добил по терминот „wimp“ (што значи слабак или кукавица).

„Wimpy’s“ е исто така многу популарен ланец на ресторани за брза храна во Англија.

So-pojavata-na-Popaj-prodazhbata-na-spanakjot-se-zgolemila-za-33%-interesni-fakti-za-kultniot-crtan-lik-koj-go-proslavi-spanakjot povekje 03 630x380.jpg

3. Иако Попај со својата популарност најпрвин се здобил како лик од стриповите, сепак повеќето луѓе на него се сеќаваат како позната филмска ѕвезда од цртаните филмови.

Првото појавување на Попај било во цртаниот филм Бети Буп во 1933 година.

Цртаните филмови во продукција на Парамаунт биле толку популарни што во 1937 година, градот Кристал Сити, Тексас погигнал официјална статуа „Попај“, со што за првпат во светската историја еден град подигна статуа во чест на цртан лик.

So-pojavata-na-Popaj-prodazhbata-na-spanakjot-se-zgolemila-za-33%-interesni-fakti-za-kultniot-crtan-lik-koj-go-proslavi-spanakjot povekje 04 630x883.jpg

4. Во стриповите, Попај првично ја „влече“ својата голема сила триејќи ја главата на птицата Вифли.

Овој трик, се разбира, наскоро бил променет во јадење спанаќ.

Спанаќот не само што му дал на Попај натпросечна сила, туку и го оспособил маестрално да танцува и да свири пијано.

5. Цртаните филмови „Попај“ биле толку популарни за време на депресијата во Америка, така што продажбата на спанаќ се зголемила за цели 33%, а овој вид на зеленчук се искачил на листата како трета најпопуларна храна за деца, после сладоледот и мисирката.

Гледањето на овој цртан филм навистина длабоко влијаело врз децата и ги охрабрувало да јадат здрава храна.

Спанаќот „Попај“ е сѐ уште втор по големина продажен бренд на спанаќ во Америка.

So-pojavata-na-Popaj-prodazhbata-na-spanakjot-se-zgolemila-za-33%-interesni-fakti-za-kultniot-crtan-lik-koj-go-proslavi-spanakjot povekje 06 630x958.jpg

6. Љубовта на Попај кон спанаќот најпрво се појавува откако тој е претепан и фрлен во поле со спанаќ.

Во неколку од цртаните филмови Попај воопшто не јаде спанаќ, но сепак овие епизоди се ретки.

Во една од епизодите, Попај во улога на пациент во болница, со сила го храни Блуто со спанаќ, така што Блуто ќе го претепа за да придобие симпатии од страна на Олива.

Постои епизода во која Олива јаде спанаќ за да може да ја претепа фитнес инструкторката, која флертува со Попај.

So-pojavata-na-Popaj-prodazhbata-na-spanakjot-se-zgolemila-za-33%-interesni-fakti-za-kultniot-crtan-lik-koj-go-proslavi-spanakjot povekje 07 630x370.jpg

7. За да се одбележи 75-годишнината од постоењето на Попај, целата зграда Емпајер Стејт била „поплавена“ во зелено светло, во сеќавање на морскиот човек кој го рекламираше спанаќот.

So-pojavata-na-Popaj-prodazhbata-na-spanakjot-se-zgolemila-za-33%-interesni-fakti-za-kultniot-crtan-lik-koj-go-proslavi-spanakjot povekje 08 630x445.jpg

8. Во еден цртан филм, Попај им кажува на своите внуци дека е потомок на Херкулес и неговиот предок првично ја добил својата сила од вдишувањето на лукот.

So-pojavata-na-Popaj-prodazhbata-na-spanakjot-se-zgolemila-za-33%-interesni-fakti-za-kultniot-crtan-lik-koj-go-proslavi-spanakjot povekje 09 630x869.jpg

9. Луѓето кои стојат зад гласовите на Попај и Олива, Џек Мерсер и Марги Хинс се венчале.

So-pojavata-na-Popaj-prodazhbata-na-spanakjot-se-zgolemila-za-33%-interesni-fakti-za-kultniot-crtan-lik-koj-go-proslavi-spanakjot 10 630x838.jpg

10. Во 1980 година, Роберт Алтман ја издаде филмската адаптација „Попај“, во која главниот лик Робин Вилијамс глумејќи го легендарниот морнар, ја доживеа неговата прва улога на голем екран.

Филмот е продуциран во Малта, а по неговото снимање сетот бил претворен во туристичка атракција, позната како селото  Попај.

Посетителите на селото Попај имаат можност да разгледаат разни знаменитости, како на пример музејот Попај и да го разгледуваат селцето со бротче.

So-pojavata-na-Popaj-prodazhbata-na-spanakjot-se-zgolemila-za-33%-interesni-fakti-za-kultniot-crtan-lik-koj-go-proslavi-spanakjot 11 630x424.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Продавал маички по пазари, сомнежи дека син му го убил: Кој е основачот на Mango (и како загина)? Исак Андик го основал познатиот моден бренд во 1980-тите и го претвори во компан...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...

Најчитани неделава