„Оној што сака 50 луѓе – има 50 грижи, оној што не сака никој – нема грижи“ – најубавите цитати на Буда

Буда (буквално „разбуден“, од санскрит „budh“ - се будам, будење) се нарекува Сидарта Гаутама, мудрец кој живеел во Северна Индија во текот на 6 век п. н. е., но се прославил во Кина.

Najubavite-citati-na-Buda-01.jpg

Една вечер, седејќи под едно дрво (познато како Бодхи или дрвото Бо, односно „Дрвото на Мудроста“), на брегот на реката Неранџара, 35-годишниот Сидарта постигнал просветление, со кое станал познат како Буда - „Просветлениот“.

Буда го презел учењето за реинкарнација од Ведите, а за Бог ништо не кажувал. Тој сметал дека патот на Хинду е премногу тежок, и советувал поумерени подвизи. „Целта на животот е целосен мир, нирвана“.

Прочитајте ги неговите најубави цитати кои ќе ви донесат мир и спокојство:

„Да оставите гневот да тлее во вас е како да подигнете од земја вжештен јаглен со намера да го фрлите кон друг, но вие сте тој на кого му гори раката“.

„Три работи не можат долго да останат скриени: Сонцето, Месечината и Вистината“.

Najubavite-citati-na-Buda (1).jpg

„Никој не може да не спаси, освен ние самите. Никој не може и никој не би го направил тоа. Самите мора да го поминеме патот“.

„Ние се обликуваме според нашите мисли, стануваме она што го мислиме. Кога нашиот ум е чист, среќата тече низ него како сенка која никогаш не престанува да нè следи“.

Najubavite-citati-na-Buda (2).jpg

„Никогаш не го потценувајте она што го имате и не им завидувајте на другите. Оној кој им завидува на другите нема спокој“.

„Да го одржуваме телото во добра здравствена состојба е наша должност. Во спротивно, не би можеле да го задржиме ниту умот силен и јасен“.

Najubavite-citati-na-Buda (3).jpg

„Подобро е да се освоите себеси отколку да освоите илјадници други битки. Тогаш победата ќе биде ваша. И никој нема да може да ви ја одземе. Ниту ангелите, ниту демоните. Ниту рајот, ниту пеколот“.

„Да се биде мрзелив е пократкиот пат до смртта. Да се биде вреден е начин на живот, глупавите луѓе се мрзеливи, мудрите луѓе се вредни“.

Najubavite-citati-na-Buda (4).jpg

„Илјадници свеќи можат да бидат запалени од една свеќа и животот на таа свеќа нема да биде скратен. Среќата никогаш не се намалува кога ја делиш со другите“.

„Не живејте во минатото, не сонувајте за иднината. Концентрирајте го вашиот ум во сегашниот момент. Бидете среќни – сега“.

Najubavite-citati-na-Buda (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...

Најчитани неделава