Го отфрлил синот кој завршил во лудница, се преженил за полусестрата – мрачната судбина на семејството на Алберт Ајнштајн

Големиот научник бил оженет со Милева Ајнштајн, родена во Тител, Србија. 

Mracnata-sudbina-na-semejstvoto-na-Ajnshtajn-01.jpg

Таа, покрај сопруга и мајка на неговите деца, исто така била и брилијантен научник која воедно му била и десна рака на Ајнштајн. Соработувала со него и со нејзина помош ги поставил сите негови теореми.

Парот имал три деца. Лизет била родена во Србија, но нејзината натамошна судбина е непозната. Алберт не сакал ниту да ја види, па ја натерал Милева да ја остави кај некои роднини кои ќе се грижат за неа.

По овој настан на девојчето му се губи секаков траг. Постојат теории дека некој ја посвоил и дека починала од шарлах. Лизет се родила додека двајцата се состанувале пред да се венчаат официјално.

Mracnata-sudbina-na-semejstvoto-na-Ajnshtajn (1).jpg

Во бракот имале два сина – Ханс Алберт и Едвард. Едвард страдал од шизофренија, татко му се срамел од него и честопати знаел да каже дека „не е баш човек“ во вистинска смисла на зборот.

Иако Ајнштајн бил брилијантен научник, познато е дека бил лош сопруг и уште полош татко. Воопшто не бил присутен во животот на семејството.

Кога бил во нивната близина ја деградирал Милева и како жена и како научник. Ја малтретирал со бесмислени задолженија – доколку неговата кошула имала барем еден набор, таа ќе морала да ја пегла одново и одново додека не биде совршено испеглана. На децата воопшто не им обрнувал внимание.

Mracnata-sudbina-na-semejstvoto-na-Ajnshtajn (2).jpg

Mracnata-sudbina-na-semejstvoto-na-Ajnshtajn (3).jpg

Кога младиот Едвард почнал да ги покажува првите знаци на шизофренија, Алберт сурово го оддалечил од себе, иако неговата помош му била најпотребна на детето.

За него Едвард бил „нерешлив проблем“ со кој ниту умеел, ниту пак сакал да се соочи.

Милева и Алберт Ајнштајн се венчале во 1903 година. Нивниот најмал син Едвард е роден во Цирих, Швајцарија на 28 јули, 1910 година.

Милева и Алберт се развеле во 1914 година, а научникот веќе следната година се оженил со својата полусестра. Имал минимален контакт со неговото семејство, најчесто им пишувал писма, упатени до синовите.

По разводот, за децата се грижела Милева. Едвард како и неговиот постар брат тешко ја поднеле разделбата на родителите, неговата отсутност и незаинтересираност за нив.

Mracnata-sudbina-na-semejstvoto-na-Ajnshtajn (5).jpgАлберт Ајнштајн со постариот син Ханс Алберт

Уште од самото раѓање, Едвард бил болежливо дете. Уште тогаш Ајнштајн се изјаснил дека неговиот син никогаш нема да „израсне во здрава и нормална личност“.

И покрај болеста за која многумина тврдат дека се граничи со генијалност, малиот Едвард уште на 6 години го читал Шекспир, а подоцна и Кант, Шопенхауер, Платон и имал огромно знаење, далеку од она на еден просечен 6-годишник.

Се интересирал и за психијатрија, особено за делата на Зигмунд Фројд, чија работа го заинтригирала и инспирирала.

Бил екстремно интелигентен и образован млад човек кој сакал да ги следи стапките на својот татко и под притисокот на неговата слава се запишал на факултет за физика во Цирих.

„Тешко е да имате толку важен татко, бидејќи се чувствувате неважно и безначајно“.

Кога станал студент, состојбата на Едвард рапидно се влошила и пробал да се самоубие во 1930 година. Официјално му била дијагностицирана шизофренија и бил сместен во установа за третирање на ментални заболувања.

Едвард поминал 3 децении во санаториум. Третманите во тој временски период биле честопати инвазивни и многу сурови. Се шпекулира дека токму ваквиот нехуман начин на третирање резултирал Едвард да се претвори во билка. Ја изгубил способноста да зборува како и своите когнитивни способности.

Едвард го поминал останатиот дел од животот во лудница во Швајцарија, а за тој временски период татко му не го посетил ниту еднаш. Не го видел до крајот на животот.

Починал од срцев удар во 1965 година на само 55-годишна возраст. Работел како градинар во болницата, што му била единствената преокупација за време на сите тие години затворен во санаториумот. Бил напуштен и заборавен од сите.

Останува само прашањето – како Алберт Ајнштајн можел да живее самиот со себе?

Mracnata-sudbina-na-semejstvoto-na-Ajnshtajn (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg