Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022
Шивач/ки 08-08-2022


Кравите имаат најдобри пријатели и уште 14 факти што веднаш ќе ви го подобрат расположението

Веќе неколку месеци ситуацијата во светот е далеку од добра, па постојано луѓето се фокусираат на негативните вести. Затоа, токму сега најмногу ни треба доза позитива.

kravite-imaat-najdobri-prijateli-fakti-shto-vednash-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-01.jpg

Ова го сфатил и еден корисник на Reddit, кој ги замолил другите корисници да споделат по некој позитивен факт, што докажува дека во светот има и добри нешта.

За помалку од една недела, над 15.000 луѓе ги споделиле нивните факти, а некои од нив се толку позитивни, што сигурно ќе измамат насмевка на вашето лице.

Во продолжение погледнете дел од најдобрите:

1. За време на Втората светска војна, еден муслиман имал џамија во Париз. Откако Франција била освоена од Германците, ниту еден од француските евреи не бил безбеден. Тогаш, овој маж им понудил засолниште на евреите, па дури и правел лажни сертификати кои докажуваат дека се муслимани. На овој начин успеал да спаси над 400 човечки животи.

kravite-imaat-najdobri-prijateli-fakti-shto-vednash-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-02.jpg

2. Во Шведска, луѓето кои дарувале крв добиваат порака кога со нивната крв ќе се спаси нечиј живот.

3. Во Швајцарија е нелегално да чувате само едно морско прасе. Бидејќи овие животни се многу социјални, властите сметаат дека е малтретирање да чувате само едно.

kravite-imaat-najdobri-prijateli-fakti-shto-vednash-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-03.jpg

4. Актерите кои ги позајмуваа гласовите на Мики и Мини Маус беа во брак во приватниот живот.

5. Ван Гог почнал да слика во доцните 20-ти. Џ. К. Роулинг ја издаде првата книга за Хари Потер во доцните 30-ти. Семјуел Л. Џексон ја доби првата голема улога во неговите 40-ти. Никогаш не е доцна да почнете да ги следите вашите соништа.

kravite-imaat-najdobri-prijateli-fakti-shto-vednash-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-04.jpg

6. Научниците откриле дека глувците сакаат да си играат криенка и испуштаат слатки звуци кога ќе најдат некој.

7.  Кравите имаат најдобри пријатели.

8. Понекогаш, додека спијат, видрите се држат за рака за да не се изгубат едни со други.

kravite-imaat-najdobri-prijateli-fakti-shto-vednash-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кафе се плаќа со добро дело и уште 9 забавни, но необични факти за животот во Чешка Жените сакаат помлади мажи и нормално гледаат на разликата во години, 2/3 од нас...
Ја зголемува ефикасноста на некои лекови против болка и уште 7 забавни факти за кафето Знаете ли дека кафето не само што ја зголемува ефикасноста на лековите против бо...
Факти за љубовниот живот на Квентин Тарантино - на 56 го добил првото дете со 20 години помладата со... Велеше дека му е мило што нема семејство, затоа што е посветен само на кариера, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg