„Сè што може да средиш со пари е евтино“ – најдобрите цитати на Ерих Марија Ремарк

Авторот на „Искра на животот“, „На запад ништо ново“, „Триумфалната порта“, „Тројцата воени другари“, германскиот писател Ерих Марија Ремарк бил огромен противник на војната и нацизмот.

Najdobrite-citati-na-Erih-Marija-Remark-01.jpg

Сега своја чувствителност и ранливата душа ги излеал во своите дела. Тој бил неверојатно „тежок“ човек кој немал доволно самодоверба во сопствениот талент. Отсекогаш се сомневал дали е доволно добар писател.

Инспирацијата ја црпел од настаните и ликовите што го опкружувале неговиот живот. Пишувал за изгубените генерации кои не може да си го најдат своето место покрај оние „нормалните“ кои не ги искусиле ужасите на суровата војна.

Публиката и критичарите се едногласни – Ремарк бил неверојатен писател. Прочитајте само мал дел од неговите генијални мисли:

Љубовта не поднесува објаснувања, нејзе ѝ се потребни дела.

Единствено кога конечно ќе се разделиш од човекот, почнуваш вистински да се интересираш за сè што него го интересира. Тоа е еден од парадоксите на љубовта.

Ниеден човек не може да ви биде поголем странец од оној којшто сте го љубеле во минатото.

Колку попримитивен е човекот, толку повисоко мислење има за себе.

За среќата може да се зборува пет минути, не повеќе. Нема што тука да се каже, освен дека си среќен. А за несреќата луѓето зборуваат денови и ноќи. Всушност, човекот е среќен само тогаш кога најмалку обрнува внимание на времето и кога не го брка стравот. Сепак, ако ве брка стравот, смејте му се. Што друго би правеле?

Тоа што не можеш да го имаш секогаш ти изгледа поубаво, отколку тоа што го имаш. Во тоа е суштината на романтиката и идиотизмот на човековиот живот.

Додека не се предаде, човекот е посилен од својата судбина.

Да се биде роден будала не е срам. Но, да се умре будала е срамота.

Среќата е најнеопходното и најскапото нешто на светот.

Најлесен е карактерот на циникот, најнеподнослив на идеалистот. Зар не мислите дека тоа е малку чудно?

Момче, запомни една работа: никогаш, никогаш и повторно никогаш, нема да испаднеш смешен во очите на жената ако направиш нешто за неа.

Ако жената е туѓа, тогаш таа е пет пати повеќе посакувана.

Мислам дека жената не треба да му кажува на мажот колку го љуби. Тоа нека го зборуваат нејзините очи. Тие подобро се изразуваат од зборовите.

Една жена или ќе ја обожаваш или ќе ја оставиш. Трето нема.

Жената не е предмет, таа е цвет. Неа ѝ се потребни сончеви и нежни нешта.

Покајувањето е најбескорисната работа на целиот свет. Не можете да вратите ништо. Не можете да го поправите. Во спротивно, сите би биле светци. Животот не планирал да биде совршен за нас. Оној на кого животот му е совршен, местото му е во музејот.

Понекогаш треба да газите врз принципите, инаку нема да имате никаква радост од нив.

Најубавиот град е местото каде што лицето е среќно.

Што и да ви се случи – не земајте го при срце. Многу малку нешта на светот се долготрајно важни.

Сè поминува – ова е најсигурната вистина во светот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg