Не пие алкохол, изгубил две деца: Факти за Џо Бајден, човекот кој има потенцијал да го замени Доналд Трамп во Белата куќа
Ги изгубил првата сопруга и ќерката во сообраќајна несреќа, а подоцна и неговиот син, кој починал од рак. Обвинуван е за непристојни допири на жени, а самиот се има наречено „гаф машина“ - што знаеме за Џо Бајден, човекот кој веројатно ќе успее да го земе претседателското место во Белата куќа?

На претседателските избори во САД, Доналд Трамп и Џо Бајден се во тесна трка, но засега Бајден е во водство.
Тој има шанси да стане следниот претседател на САД и да го наследи местото на Доналд Трамп во Белата куќа.
Но, покрај политиката, кој е Џо Бајден приватно? Што знаеме за него?
Во продолжение факти за потенцијалниот нов претседател на САД:
1. Додека бил студент на Универзитетот Delaware бил ставен на условно, бидејќи се шегувал со директорот на домот и го прскал со противпожарен апарат.
2. Ја запознал првата сопруга Нилија Хантер за време на одмор на Бахамите на почеток од колеџ. На вториот состанок со неа, немал доволно пари да ја плати сметката, па Нилија му подала 20 долари под масата.

3. Се венчале во 1966, а со неа имал три деца, синовите Бо и Хантер и ќерката Наоми.

4. Во 1967-ма, на Нилија ѝ купил куче и го крстил Сенатор.
5. Во 1972 го победил републичкиот сенатор, со што станал 5-иот најмлад човек изгласан во сенатот.
6. Ако победи на изборите во САД сега, на возраст од 77 години, тој ќе биде најстариот претседател.

7. Неговите родители живееле долг живот, татко му починал на 86-годишна возраст, а мајка му на 92.
8. Неколку недели откако Бајден бил изгласан за во сенатот, возилото во кое се возеле неговата сопруга Нилија и 13-месечната ќерка Наоми, било удрено и загинале во сообраќајната несреќа уште пред да бидат донесени до болница, а синовите на кој им останал самохран родител завршиле со повеќе скршеници.


Уште факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з...
Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело
Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ
„Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Ѝ раскина кога почна да се заљубува во неа - Љубовната приказна на Иванка Трамп и Џаред Кушнер
„Кога ѝ раскинав на Иванка, таа ми рече дека тоа е најлошата одлука во мојот жив...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з...
Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега
Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...