„Солзи немам да ве исплачам колку сте за тажење“ – Цитатите на Горан Стефановски болат како и пред 30 години

На 66-годишна возраст, по кратко боледување, во 2018 година овој свет го напушти нашиот Горан Стефановски. Автор на 30 драми, сценарија за ТВ-филмови и серии, меѓу кои и најпознатите „Диво месо“, „Дупло дно“, „Чернодрински се враќа дома“, „Тетовирани души“, „Жив човек“, „Демонот од Дебар Маало“, „Хај-фај“…

Goran-Stefanovski-citati-01.jpgфото: goranstefanovski.co.uk

Неговите цитати се апсолутно безвременски. Статусот култни не е никакво претерување, туку реална констатација.

Тие звучат подеднакво актуелно како пред 30 и кусур година, така и денес.

Горан Стефановски, визионер, уметник на ткаењето зборови кои проникнуваат длабоко во душат и остануваат да печат долго откако се изговорени и прочитани.

Прочитајте ги неговите најдобри цитати:

„Да ти каже тебе татко ти нешто. Не кажувај на светот што мака имаш. Не сака светот да знае. Си има светот свои маки. Ако кажуваш, кажи нешто убаво или ништо не кажувај. Што му е некому гајле што тебе ти е страв од темно“. (Диво Месо)

„Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“ (Тетовирани души)

„Европа ве бара! Ѝ се прди на Европа за вас! Воздивнувате по Германија, а таткото што ги изгубил нозете да направи куќа е помија кој не знае два и два.

И им пречи на Европјаните да прават кариера! Не знаете да се чувате… живеете на вересија… ќе загинете по некои дупки… ќе ве изедат пајажини… Името ќе ви се затре, коренот ќе ви се запусти, трага нема да остане од вас! Солзи немам да ве исплачам колку сте за тажење!“ (Диво Месо)

„Луѓето копнеат да умрат. Основните копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студените копнеат да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за да можат мирно да се пензионираат, пензионерите копнеат по здравје, а сите копнеат да умрат и мртви копнеат повторно да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе“. (Дупло дно)

„Денес сè се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најевтино.“ (Диво Месо)

„Југот не го сака Север. Исток Запад. Европа не ја сака Америка, Ирска Англија. Прилепчани не се мирисаат со битолчани, во еден град не се поднесуваат две маала, во едно маало две згради, во една зграда закрвени се два влеза, во еден влез два стана, во еден стан две фамилии, во една фамилија двајца луѓе, а и тие двајца се мразат самите себеси. Каде води тоа? Ако е така, тогаш нема спас. А, без спас нема живот. А, без живот нема ништо. Има смрт“. (Тетовирани души)

„Чекам веќе десет часа, а неа ја нема. Да знам дека ќе дојде, воопшто не би ја чекал“. (Конзервирани импресии)

„Боже. Сите ги мразам. Сите ми се грди, гадни и туѓи. Светот ми е нејасен и мачен. Лебот горчлив. Смилуј се Господи, поништи нè. Направи ја оваа година 1878 последна. Што ќе сме ти вакви?

Сврти ја земјата наопаку, истури ги сите води, дупките наполни ги со сè што е живо, пушти оган да ги претвори во мрши, да ги засмрди, да ги сврти во пепел, па ветер да го развее пепелот по црни неба. Па наврти води да ги измијат трагите дека некогаш нешто лазело по земјава. И така да биде крај.

Да останат само камен и вода, да се тријат еден од друг, бесконечно, во вековите што идат. И така да биде мир и волјата твоја. Амин“. (Лет во место)

„Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се како кучиња. Сакаат да се блиску до господарот. А вам ви е гајле. Ги пуштате да гладуваат, да лутаат неспокојно“. (Жив Човек)

„Ќе има војна… Ќе има војна… – Доста беше и ваков мир“. (Диво месо)

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg