„Жената која не се шминка има превисоко мислење за себе“ - 10 цитати на култната модна икона Коко Шанел

Таа е креаторот на „малиот, црн фустан“ погоден за секаква пригода. Таа го создаде култниот парфем „Chanel nо.5“. Таа испиша сосема нова, свежа, модна историја, а нејзиното име го знае речиси секој човек на планетата.

Koko-Shanel-citati-01.jpgфото: unsplash.com

Таа е Коко Шанел, а ова се нејзините незаборавни цитати:

На 20 години жената има лице кое ѝ го подарила природата, на 30 она кое го создала сама, а на 40 она коешто го заслужила.

Каде треба да ставите парфем? Онаму каде што сакате да бидете бакнувана.

Жената која не користи шминка има премногу високо мислење за себе.

Најдобар моден детаљ на секоја жена е згоден маж покрај неа.

Луѓето со добар вкус носат бижутерија. Сите останати мораат да носат злато.

Не се обидувајте да се подмладувате, на 50 години никој не е млад. Но, затоа на светот има многу 50-годишни жени кои изгледаат далеку попривлечно од младите, несредени жени.

Главната одлика кај една жена не е нејзината облека, туку убавите манири и мудроста.

Слободата – таа секогаш е во мода.

Жените облечени во светли тонови е тешко да ги доведете во лошо расположение.

Рацете се визит-картичка на секоја жена, нејзиниот врат е нејзината лична карта, а градите се нејзиниот пасош.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Продавал маички по пазари, сомнежи дека син му го убил: Кој е основачот на Mango (и како загина)? Исак Андик го основал познатиот моден бренд во 1980-тите и го претвори во компан...

Најчитани неделава