Зошто чувствуваме „пеперутки во стомакот“ и уште 9 забавни факти што можеби не ги знаете

Знаевте ли дека за стравот од темница делумно се „виновни“ нашите предци? А, знаевте ли дека кралот Артур не го извадил Ескалибур од камен или дека актерот Жан Рено воопшто не е Французин?

zoshto-chuvstvuvame-peperutki-vo-stomakot-i-ushte-9-zabavni-fakti-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-01.jpg

Дури и ако сте убедени дека знаете многу повеќе работи од другите луѓе, никогаш нема да знаете сè. Дури и да сте прочитале стотици книги од сите области, секогаш има по некој факт што ќе ви биде нов. Односно, секогаш има простор да научите нешто повеќе.

Па, ако сте расположени да научите нешто ново, сигурно ќе ви се допаднат овие забавни факти:

1. Многу луѓе имаат страв од темница дури и откако ќе пораснат, а за оваа фобија делумно е одговорна и нашата еволуција. Бидејќи не можеме да гледаме во темница, не знаеме што има околу нас и нормално е да почувствуваме страв. Нашите предци ја немале заштитата што ја имаме денес, како безбедно место за спиење, па стравот од темница всушност ги терал да бидат повнимателни.

2. Поради некоја причина, скоро сите сме биле убедени дека ананасот расте на дрво. Но, ова не е вистина – ананасот е тревесто растение со крато стебло и расте како на фотографијата подолу.

zoshto-chuvstvuvame-peperutki-vo-stomakot-i-ushte-9-zabavni-fakti-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-02.jpg

3. Сите сме слушнале дека температурата на човечкото тело е 36 степени. Но, ова е всушност просек и нормалната телесна температура може да варира, најчесто помеѓу 36 и 37 степени. Уште поинтересно е што температурата на телото се менува во зависност од неколку фактори, како возраст, физичка активност, па дури и период од денот.

4. Познатиот анимиран филм Shrek e направен според книга за деца од Вилијам Стајг. Во неговата книга, Шрек изгледа вака:

zoshto-chuvstvuvame-peperutki-vo-stomakot-i-ushte-9-zabavni-fakti-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-03.jpg

5. Иако историчарите уште дебатираат за тоа дали кралот Артур постоел или сепак е само легенда, сите знаеме за мечот што го извадил од камен. Иако е популарно верувањето дека овој меч е Ескалибур, во некои верзии на приказната, Артур го добива мечот од Дамата од езерото. Според овие верзии, мечот што го извадил од камен е сосема друг.

Уште 5 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава