Членовите од семејството имаат различни презимиња и уште 13 забавни факти за Исланд

Држава без комарци

Температурите во Исланд можат многу да се спуштат, а потоа нагло да пораснат, а експертите сметат дека ова е причината што таму нема комарци.

zabavni-fakti-za-island-09.jpg

Родителите не можат да го крстат детето како што сакаат

Во Исланд постои комитет за избирање имиња, кој е основан во 1991 година. Комитетот изработил листа со имиња кои родителите можат да ги искористат за нивните деца. Ако родителите сакаат име кое не се наоѓа во листата, мораат да поднесат молба која комитетот треба да им ја одобри.

zabavni-fakti-za-island-10.jpg

Можете да ја заобиколите цела држава за помалку од 24 часа

Патот познат како Ring Road е одличен за туристи – тој ја обиколува буквално целата држава и можете да го извозите со автомобил за нешто помалку од 24 часа.

zabavni-fakti-za-island-11.jpg

Држава во многу вулкани

Во Исланд има 130 вулкани, од кои 30-тина се активни. Бидејќи, на некој начин, државата се наоѓа на две тектонски плочи, вулканите, а и земјотресите, се честа појава.

zabavni-fakti-za-island-12.jpg

Најпопуларната храна е хотдог

Хотдогот е храна што можете да ја најдете насекаде во Исланд – ресторани, бензински станици, киосци… Тие имаат популарен киоск специјализиран за продавање хотдог кој го имаат посетено и славни како Бил Клинтон и Ким Кардашијан.

zabavni-fakti-za-island-13.jpg

Забрана за кучиња во Рејкјавик

Во периодот 1924-1948, во главниот град на Исланд имало забрана за кучиња. Односно, жителите не можеле да чуваат куче милениче. Причината е тоа што тој период бил откриен паразит кој го разнесувале кучињата. Овој паразит можел да предизвика слепило, па дури и смрт кај луѓето. Денес не постои ваква забрана, но локалните жители мораат да побараат дозвола ако сакаат да чуваат куче.

zabavni-fakti-za-island-14.jpg

Градоначалник комичар

Џон Гнар беше градоначалник на Рејкјавик, но тој е комичар со никакво политичко искуство. Во 2009-та тој формира партија, заедно со уште неколку личности без политичко искуство, но само како шега. Во 2010-та се пријави на локалните избори, повторно на шега, но победи и беше градоначалник од 2010 до 2014-та година.

zabavni-fakti-za-island-15.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg