Италијанската полиција има Lamborghini автомобил – факти за земјите низ светот кои звучат неверојатно
Јавниот превоз во Луксембург е бесплатен за сите, улиците во Костарика немаат ни име ни број, во Колумбија пијат топло чоколадо со сирење, а жителите на некои азиски држави носат заштитни маски долго пред пандемијата - факти за земјите низ светот кои нас ни се за неверување, а таму се нормални.

Навистина е неверојатно колку различни култури, обичаи и начини на живеење постојат ширум светот. А, она што е сосема нормално во една држава, нам може да ни изгледа како најлудото нешто. Се разбира, важи и обратното.
Погледнете неколку забавни факти за државите ширум светот кои одлично го прикажуваат ова:
Од март минатата година, јавниот превоз во Луксембург е бесплатен за сите.

Знамето на Непал има невообичаена форма.

Во Јапонија се користат кади направени од дрво.

Полицијата во Италија има Lamborghini автомобил.

Во Колумбија доста популарен пијалак е топло чоколадо направено со сирење, кое наводно имало многу добар вкус.

Местото со најдолгото име во светот се наоѓа во Нов Зеланд. Ако сакате да пробате да го прочитате, можете да го погледнете на фотографијата во продолжение:

Во Велика Британија се одржува трка позната како Cooper’s Hill Cheese-Rolling, каде што натпреварувачите бркаат пита кашкавал по рид. Победник е оној којшто ќе го фати прв.

Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов...
„Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега
Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...