10 најбогати луѓе кои некогаш чекореле на земјата – денешните богаташи се вистински „голтари“ за нив

Мир Осман Али Кан – 230 милијарди долари

Многумина никогаш не слушнале за него, иако тој е еден од најбогатите луѓе што светот ги видел. Додека владеел со индиската држава Хајдерабад, тој стекнал богатство во вредност од 230 милијарди долари. Индија го памети како човек кој помогнал да се развие образовниот систем, човек кој вовел електрична енергија и отворил железнички пруги во Хајдерабад.

Николај Александрович Романов – 300 милијарди долари

Личниот приход на Големиот војвода на Русија, Николај Александрович Романов, потекнува од земји кои поседувале имот и акции во индустрискиот и трговскиот сектор. По неговата смрт, Руската православна црква го прогласила за канонизиран, па го добил и прекарот „најбогатиот светец во историјата“.

Ендрју Карнеги – 310 милијарди долари

Шкотско-американскиот индустријалец станал познат кон средината на 19 век. Роден е во Шкотска во сиромашно семејство, кое се преселило во Америка во 1940-тите во потрага по подобар живот. По неколкуте успешни инвестиции, Карнеги ја основал својата челична компанија U.S. Steel, што му донела неверојатно богатство од 310 милијарди долари. Освен по богатството, Ендрју Карнеги останал запаметен по големите донации во хуманитарни цели и како исклучителен филантроп.

Џон Рокфелер – 340 милијарди долари

Еден од основачите на Standard Oil, компанија за производство, транспорт, рафинирање и пласман на нафта, ќе остане запаметен како голем филантроп – за време на неговиот живот основал два универзитети, Универзитетот во Чикаго и Универзитетот Рокфелер. Тој починал во 1937 година на 97-годишна возраст.

Кралот Муса I од Мали – 400 милијарди долари

Најбогатиот човек кој одел по земјата бил кралот Муса I од Мали, познат и како Манса Муса. Додека тој владеел со државата Мали, неговото богатство се проценува на околу 400 милијарди денес. Роден е во 1280 година и до 1337 година живеел како обичен верски муслиман. Тој изградил многу образовни центри и џамии низ Африка.

(O)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...

Најчитани неделава