10 најбогати луѓе кои некогаш чекореле на земјата – денешните богаташи се вистински „голтари“ за нив

Поголемиот дел од луѓето веруваат дека милијардерите како Бил Гејтс и Ворен Бафет се најбогатите луѓе кои некогаш живееле на земјата. Но, тие се навистина обични „голтари“ наспрема следните 10 кои живееле во минатиот милениум.

10-najbogati-lugje-koi-nekogas-sekorele-na-zemjata-01.jpg

За споредба, најбогатиот човек на светот во моментов е Џеф Безос, чие богатство се проценува на 131 милијарда долари.

Корнелиус Вандербилт – 185 милијарди долари

Еден од најпознатите американски стопанственици се занимавал со изградба на железнички и бродски транспорт во текот на 1800-тите години. Во најуспешните години заработил вртоглави 185 милијарди долари, главно поради експанзијата на неговото железничко царство во текот на граѓанската војна во Америка.

Хенри Форд – 199 милијарди долари

Основачот на истоимената автомобилска индустрија натрупал богатство кое се проценува на речиси 200 милијарди долари. Бил препознатлив по револуционерниот пристап за производство на автомобили. Неговите работници биле платени многу над просекот, а сето ова придонело Форд да започне да прави евтини возила кои може да си ги дозволи и обичниот човек.

Муамер Ал Гадафи – 200 милијарди долари

Се верува дека Гадафи стекнал богатство од 200 милијарди долари во текот на 42-годишното владеење со Либија. Иако важи за контроверзен владетел и политичар, тој направил многу револуционерни работи во Либија, како градење на вештачка река која ја снабдувала со вода пустинската област во Либија, што се смета за еден од најголемите проекти за наводнување во историјата на човештвото.

10-najbogati-lugje-koi-nekogas-chekorele-na-zemjata-denesnite-bogatashi-se-vistinski-goltari-za-niv-02.jpg

Вилијам Први освојувачот – 209-229 милијарди долари

Вилијам Први Освојувачот бил првиот крал на Англија после освојувањето на Нормандија во 1066 година. Тој го основал Обединетото Кралство, војската и морнарицата и ја составил Книгата на страшниот суд (споменик за поделба на земјиштето помеѓу кралот и нормандските феудалци која вклучува и еден од првите пописи на населението и земјата во историјата). Тој ја започнал и изградбата на камени тврдини, а првата ваква кула била изградена во 1078 година.

Јакоб Фугер – 221 милијарда долари

Овој Германец е веројатно најмалку познатиот милијардер во историјата. Заработувал пари благодарение на своите банкарски и трговски вештини, главно продавајќи текстил во Италија. Тој бил познат и по ископување на сребро и злато во Унгарија и Чешка.

Уште 5 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...

Најчитани неделава