Отровни фустани, црни заби: Бизарни трендови за убавина од минатото

6. Во некои африкански и азиски култури, нереално долгиот врат се смета за многу привлечен, а за да се постигне овој ефект, жените, на некои места и мажите, носат прстени.

Девојчињата почнуваат да ги носат прстените пред пубертет за телото да им се развие заедно со нив и да им се издолжи вратот. Ова издолжување на вратот се практикува и денес и покрај тоа што многумина сметаат дека е сурово.

fustani-shto-ubivaat-crni-zabi-kako-simbol-za-ubavina-mornichavi-i-bizarni-fakti-za-modata-i-trendovite-niz-istorijata-06.JPG

7. Порано во Јапонија, но и некои други азиски држави, луѓето си ги боеле забите црни.

Во Јапонија овој тренд е познат како охагуро и на почетокот бил знак дека личноста станала возрасна. По некој период црните заби биле симбол за аристократија и благородништво. Наводно, и денес ако прошетате низ Кјото можете да налетате на личност со црни заби.

fustani-shto-ubivaat-crni-zabi-kako-simbol-za-ubavina-mornichavi-i-bizarni-fakti-za-modata-i-trendovite-niz-istorijata-7.JPG

8. Порано во европските земји белата кожа била знак за убавина, па луѓето, и мажи и жени, си ги избелувале лицата со боја.

Можеби веќе претпоставувате дека оваа боја била штетна бидејќи ја правеле од олово, па често им предизвикувала кариес, главоболки, паѓање на косата, па дури и смрт.

fustani-shto-ubivaat-crni-zabi-kako-simbol-za-ubavina-mornichavi-i-bizarni-fakti-za-modata-i-trendovite-niz-istorijata-08.JPG

9. Во 19-тиот век мажите носеле цврсти крагни како моден додаток кои им го отежнувале дишењето, а некогаш и ги убивале.

Имало случај во 1888 година, кога еден маж се опил, заспал на клупа во парк и бидејќи во сонот ја наведнал главата, крагната го задушила и умрел.

fustani-shto-ubivaat-crni-zabi-kako-simbol-za-ubavina-mornichavi-i-bizarni-fakti-za-modata-i-trendovite-niz-istorijata-09.JPG

10. Лудиот шапкар од Алиса во Земјата на чудата не си го добил името случајно. Во 18-тиот и 19-тиот век шапкарите користеле опасна хемикалија за изработката на шапки која им предизвикувала симптоми како тресење, екстремна срамежливост и раздразливост.

Односно, во очите на другите изгледале како да се луди. Во англискиот јазик има и израз инспириран од ова - Луд како шапкар.

fustani-shto-ubivaat-crni-zabi-kako-simbol-za-ubavina-mornichavi-i-bizarni-fakti-za-modata-i-trendovite-niz-istorijata-10.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
8 прекрасни божиќни пораки кои денес можете да им ги испратите на блиските „Нека чудото на Божиќ ве придружува низ секој ден, исполнувајќи ви го животот со...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...

Најчитани неделава