На 19 години станал татко, наводно ја обнови врската со српската старлета Сораја – Факти за Нејмар


На 19 години станал татко, наводно ја обнови врската со српската старлета Сораја – Факти за Нејмар

Неговото семејство било толку многу сиромашно што немале средства за да ги платат сметките за струја, на 4 месеци преживеал страшна сообраќајна несреќа, а благодарение на талентот за фудбал и посветеноста денес тежи милиони. Во балканските медиуми беше актуелен заради наводната врска со старлетата Сораја, а сега се шпекулира дека ја обновиле врската.

na-19-godini-stanal-tatko-kratko-se-zabavuval-so-srpskata-starleta-soraja-fakti-za-nejmar-01.jpg

Српските медиуми пред неколку години пишуваа дека српската старлета Сораја Вучелиќ е во врска со Нејмар, а сега повторно кружат информации дека тие решиле да ја обноват врската.

Но, Сораја вели дека не сака да ги коментира сопствените идни планови, додека тие не се реализираат.

Во продолжение неколку помалку познати факти за Нејмар:

Целосното име на бразилскиот фудбалер е Нејмар да Силва Сантос (28), а неговото богатство денес се проценува на 200 милиони долари.

Тој е роден во 1992-та година во семејството на Надин Конклавес и Нејмар Сантос Постариот, во предградието на Сао Паоло.

na-19-godini-stanal-tatko-kratko-se-zabavuval-so-srpskata-starleta-soraja-fakti-za-nejmar-12.jpg

Неговите родители биле мошне сиромашни, мајка му не можела да си дозволи да оди на ехо-прегледи во бременоста, но сепак за среќа детето било родено живо и здраво.

na-19-godini-stanal-tatko-kratko-se-zabavuval-so-srpskata-starleta-soraja-fakti-za-nejmar-02.jpg

На возраст од само 4 месеци Нејмар преживеал фатална сообраќајна несреќа заедно со семејството. За среќа закрепнале и по три години Нејмар ја добил својата сестра Рафаела Сантос.

na-19-godini-stanal-tatko-kratko-se-zabavuval-so-srpskata-starleta-soraja-fakti-za-nejmar-03.jpg

Нејмар го наследил талентот за фудбал од татко му, кој аматерски се занимавал со овој спорт, но поради повредите во страшната сообраќајна несреќа морал целосно да се откаже од спортот.

na-19-godini-stanal-tatko-kratko-se-zabavuval-so-srpskata-starleta-soraja-fakti-za-nejmar-13.jpg

Семејството било толку многу сиромашно, што во еден миг воопшто немале пари за да ги платат сметките за струја, а домот го осветлувале со свеќи.

na-19-godini-stanal-tatko-kratko-se-zabavuval-so-srpskata-starleta-soraja-fakti-za-nejmar-09.jpg

Таткото сакајќи да ја подобри финансиската состојба, во еден миг морал да работи на три работни места како општ работник, механичар и продавач.

Кога Нејмар имал 6 години, татко му веќе го препознал исклучителниот талент на синот па за да можат да ги платат скапите часови по мал фудбал, семејството одлучило да се пресели во помало гратче, каде животот е поевтин.

na-19-godini-stanal-tatko-kratko-se-zabavuval-so-srpskata-starleta-soraja-fakti-za-nejmar-10.jpg

Во 2003-та година Нејмар на само 11 години го добил првиот повик од ФК Сантос и му бил понуден договор со што значително се подобрила финансиската состојба на семејството и така започнала неговата плодна фудбалска кариера.

na-19-godini-stanal-tatko-kratko-se-zabavuval-so-srpskata-starleta-soraja-fakti-za-nejmar-04.jpg

На 19 години Нејмар станал татко на малиот Дави Лука, кого го добил од врската со бразилската инфлуенсерка Каролина Дантас. Набрзо по раѓањето на Дави Лука (10) Нејмар и Каролина раскинале, а детето денес живее со мајка му.

Меѓу другите попознати девојки со кои Нејмар бил поврзуван се и неговата сонародничка, бразилската убавица Алесандра Амбросио во 2014-та.

na-19-godini-stanal-tatko-kratko-se-zabavuval-so-srpskata-starleta-soraja-fakti-za-nejmar-05.jpg

Истата година Нејмар беше поврзуван и со српската старлета Сораја Вукелиќ. Наводно се запознале на Ибица, а фудбалерот по ова испратил приватен авион за да ја донесе српската моделка во Барселона.

na-19-godini-stanal-tatko-kratko-se-zabavuval-so-srpskata-starleta-soraja-fakti-za-nejmar-07.jpg

Според најновите пишувања Нејмар во моментов е во врска со инфлуенсерката Бруна Бианкарди.

Погледнете повеќе понови фотографии од Нејмар во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Има 97 години, преферира животни наместо луѓе: 10 работи кои не ги знаете за омилената баба во Холив... Бети Вајт на сите им е омилена баба во Холивуд, има 97 години, кралица е на коме...
„Јас не сум Пепелашка па да чистам“: Искрени детски изјави што сигурно ќе ве насмеат „Па… излезе дека тета ѝ е сестра на мама. Светот е навистина мал…“ „Па… излез...
Се венчаа 35 години по нивната прва средба: Сите детали за врската на Камила и принцот Чарлс Во јули 1973 Камила се омажи со Ендрју, а Чарлс стана близок пријател на семејст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg