„Не си легнувајте гневни, останете будни и расправајте се“ – смешни цитати за бракот во кои сигурно ќе се пронајдете

По третиот неуспешен брак, американскиот пејач Род Стјуарт изјави: „Наместо повторно да се венчам, ќе најдам жена што ја мразам и ќе ѝ дадам куќа“.

ne-si-legnuvajte-gnevni-ostanete-budni-i-raspravajte-se-smeshni-citati-za-brakot-vo-koi-sigurno-kje-se-pronajdete-01.jpg

Навистина е прекрасно да ја најдете вистинската личност со која сакате да го поминете целито живот. Оваа личност ќе се смее со вас во сите среќни мигови, но и ќе ви дава утеха кога ништо нема да ви оди по план.

Иако бракот е прекрасен, факт е дека бара многу работа, без разлика колку се сакате со партнерот. А, некогаш бракот може да биде и вистински предизвик и да ви создава повеќе главоболки отколку уживање.

Сите кои се во брак се добро запознати со овие нешта, но и знаат дека штом можат да ги надминат разликите, ниту еден проблем не е толку сериозен, а по некое време може да стане и смешен.

Во продолжение неколку смешни цитати за бракот во кои сигурно ќе се пронајдете:

„Ако сакате да се осигурите дека никогаш нема да го заборавите роденденот на сопругата, пробајте да го заборавите само еднаш“ – Алдо Камарота 

„Мојот совет е да стапите во брак: ако најдете добра сопруга – ќе бидете среќни, ако не – ќе станете филозоф“ – Сократ

„Пред да се венчате со некого, прво натерајте го да користи компјутер со бавен интернет за да видите каква личност навистина е“ – Вил Ферел

„Никогаш немојте да ги критикувате недостатоците на вашиот сопружник. Ако немал недостатоци, сигурно ќе си најдел подобар партнерот од вас“ – Џеј Трачман

„Никогаш немојте да си легнувате гневни. Останете будни и расправајте се“ – Филис Дилер

ne-si-legnuvajte-gnevni-ostanete-budni-i-raspravajte-se-smeshni-citati-za-brakot-vo-koi-sigurno-kje-se-pronajdete-2.jpg

„Наместо повторно да се венчам, ќе најдам жена што ја мразам и ќе ѝ дадам куќа“ – Род Стјуарт

„Зад секој голем маж стои жена која ги превртува очите“ – Џим Кери

„Некои луѓе ме прашуваат за тајната за мојот долг брак. Со сопругата двапати неделно одвојуваме време да одиме во ресторан. Романтична вечера со свеќи, тивка музика, танцување… Јас одам во вторниците, таа во петоците“ – Хенри Јангмен

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава