Става ботокс на секоја нова брчка, била во врска со холивудски актер – Факти за Катарина Радивојевиќ, позната како Зоне

Сонот да се пресели во САД, конечно ѝ се остварил во 2015-та година кога добила зелена карта преку Лотаријата на американската влада за имигранти. Тоа било четвртипат да учествува на лотаријата, а претходно во САД престојувала само со работна виза.

За Катарина е познато дека сака да посетува нудистички плажи, па со години наназад ја посетувала плажата Ада Бојана во Црна Гора, каде биле направени нејзини разголени папарацо фотки.

Кога станува збор за љубовните врски, Катарина била поврзувана со поголем број мажи. Црногорскиот бизнисмен Вук Мишковиќ, историчарот на уметност Видоје Ристовиќ, рускиот тајкун Михаило Ходоровски се само некои од нив.

Во 2017-та година Катарина призна дека во 2011-та година во САД заминала и заради романсата со холивудскиот актер Бенисио дел Торо (54) кој e 13 години повозрасен од неа.

Наводно се разделиле затоа што таа сакала нормално и здраво семејство, а била свесна дека со него нема да го добие тоа заради славата.

Истата година таа откри дека замрзнала јајце-клетки во една клиника во Белград и дека се надева дека еден ден да стане мајка.

Катарина во моментов е вработена во српската амбасада во Њујорк, а во Белград се враќа службено. Како што вели, среќно е немажена и сè уште не ја пронашла вистинската љубов.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...

Најчитани неделава