„Нема среќа во удобноста - среќата се купува со страдање“ - 12 мудри мисли од Достоевски

Ретко кој друг писател знаел толку убаво да ја отслика човечката душа и најскриените човечки мисли, како што тоа го правел Фјодор Михајлович Достоевски.

nema-srekja-vo-udobnosta-srekjata-se-kupuva-so-stradanje-12-mudri-misli-od-dostoevski-za-uspehot-01.jpg

Тој самиот не се согласувал со таа квалификација, но честопати за него велат дека е еден од првите претставници на „психолошкиот реализам“ и писателот што најреалистично ја отсликал човечката душа.

Неговите романи не се читаат во еден здив, туку ве тераат да застанете, да размислите и да се обидете да протолкувате што сакал да каже. Која е мотивацијата што ги води ликовите во нивните дејствија?

nema-srekja-vo-udobnosta-srekjata-se-kupuva-so-stradanje-12-mudri-misli-od-dostoevski-za-uspehot-02.jpg

Неговите комплексни ликови нѐ учеа за љубовта и за страдањата, за злосторствата и казните, за човечките слабости и вредности.

Во продолжение прочитајте неколку цитати на Достоевски за успехот:

„Никој не се вратил да живее во минатото. Затоа не мисли на минатото, гледај само на иднината“.

„Ако си тргнал кон некоја цел и по пат застануваш да фрлаш камења на секој пес што те лае, никогаш нема да стигнеш до целта“.

„Сите идеали во светот не вредат колку солзите на едно дете. Не преземајте ништо додека сте гневни“.

„Луѓето често ги набројуваат своите неволји, но никој не ги набројува сопствените радости. Кога би ги набројувале радостите така како што заслужуваат, секој би увидел дека има доволно среќа во животот“.

„Ако си успешен во нешто, или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат или ќе те мразат“.

„Преземањето нов чекор или изговарањето на новите зборови, понекогаш е она што најмногу ги плаши луѓето“.

„Ако сакаш да те почитуваат прво мораш да се почитуваш себеси, само така ќе направиш другите да те почитуваат“.

„Ниту една тема не е толку стара, за да не може да се каже нешто ново за неа“.

„Заведи ми го умот и ќе го добиеш моето тело, пронајди ми ја душата и ќе ме имаш засекогаш“.

„Тој што сака да биде корисен може да направи многу добрини дури и со врзани раце“.

„Неуспешниот писател лесно станува жолчен критичар: исто како што слабото и невкусно вино може да стане одличен оцет.“

„Нема среќа во удобноста - среќата се купува со страдање.“

Прочитајте и „Никогаш нема да стигнете до никаква вистина без да направите 14 грешки“ - најдобрите цитати од „Злосторство и казна“ на Достоевски

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...

Најчитани неделава