Факти за љубовниот живот на Квентин Тарантино - на 56 го добил првото дете со 20 години помладата сопруга

Велеше дека му е мило што нема семејство, затоа што е посветен само на кариера, а потоа ја запозна израелската пејачка Даниела Пик. Беа заедно краток период, а потоа цели 7 години беа разделени пред да ја побара за жена. Факти за сопругата на Квентин Тарантино...

tarantino-begal-od-seriozni-vrski-se-dodeka-ne-ja-zapoznal-nea-koja-e-daniela-pik-01.jpg

Филмскиот режисер Квентин Тарантино (58) веќе три години е среќно оженет за неговата сопруга Даниела Пик (38), а во 2020-тата година го дочекаа и своето прво дете. Ова е прв брак на познатиот режисер, а која е девојката што успеа да го освои?

tarantino-begal-od-seriozni-vrski-se-dodeka-ne-ja-zapoznal-nea-koja-e-daniela-pik-02.jpg

Квентин Тарантино ќе остане запаметен по филмовите Kill Bill, Django Unchained, Pulp Fiction, Once Upon A Time... In Hollywood, Reservoir Dogs, Ingloroius Bastards, From Dusk till Dawn и голем број други, а за тоа колку многу е посветен на сопствените филмови додека работи на нив говореше и во минатото, кога рече дека му e мило што никогаш не стапил во брак.

„Кога работам на филм, немам време за ништо друго. Немам сопруга. Немам дете. Ништо не може да ми застане на патот. Целиот свет може да се сруши и да се запали. Не ми е гајле. Ова е мојот живот.

Ова е Монт Еверест. Ако се искачувате на Монт Еверест не можете да направите ништо друго. Сите ваши грижи, сите секојдневни проблеми, семејството или што било друго такво, едноставно исчезнуваат“.

Во истата изјава Тарантино рече дека е отворен за брак и за деца во иднина, но дека тогаш било неговото време да прави филмови.

За Тарантино се знае дека во минатото направил голем број крупни филмски проекти, а во однос на романтичните врски речиси и да немал сериозна врска претходно.

За него се знае дека се забавувал со актерките Маргарет Чо, Кeти Грифин, Софија Копола и Мира Сорвино, но со ниту една од нив не бил во сериозна врска.

tarantino-begal-od-seriozni-vrski-se-dodeka-ne-ja-zapoznal-nea-koja-e-daniela-pik-03.jpgТараnтино со актерката Мира Сорвино

Како што рече, пред да го направи Inglorious bastards имал една мошне сериозна врска, но се откажал од неа, за да може да се посвети на кариерата.

Токму премиерата на овој филм во целост ќе му ја промени перспективата и ќе го натера да го промени мислењето во однос на семејството и бракот, затоа што така ќе ја запознае својата идна сопруга.

Во продолжение неколку интересни факти за неговата сопруга Даниела Пик:

Даниела е израелска пејачка која е ќерка на славниот израелски музичар Свика Пик. Со нејзината сестра Шарона Пик заедно настапиле на изборот за песна на Евровизија во 2005-та година и ја испеале песната Hello, hello.

Даниела и Квентин се запознале во 2009-тата година, кога тој бил во Израел на премиерата на неговиот филм Inglorious bastards, по што започнала нивната романса.

tarantino-begal-od-seriozni-vrski-se-dodeka-ne-ja-zapoznal-nea-koja-e-daniela-pik-04.jpg

Во 2009-тата година по кратка врска Даниела и Квентин раскинале, а повторно ја започнале врската во 2016-та година.

tarantino-begal-od-seriozni-vrski-se-dodeka-ne-ja-zapoznal-nea-koja-e-daniela-pik-05.jpg

Повеќе факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Јас не сум Пепелашка па да чистам“: Искрени детски изјави што сигурно ќе ве насмеат „Па… излезе дека тета ѝ е сестра на мама. Светот е навистина мал…“ „Па… излез...
Љубовната приказна на Џастин и Хејли Бибер - ја оставил за Селена Гомез, имал зависности како татко ... Стивен Болдвин ги запознал Џастин и Хејли кога биле тинејџери, а пејачот во една...
Го оставила кога дознала дека добил рак од орален секс - Факти за бракот на Кетрин Зита Џонс (52) и ... Кетрин била во институција каде се лекувала од биполарно нарушување, го има оста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg