Популарност стекна во 40-тите, за улоги го совлада албанскиот јазик – факти за српскиот заводник Милош Тимотијевиќ

Eден од моментално најзафатените актери од српското поднебје, кој со енормна популарност се здоби дури во четириесеттите години е шармантниот Милош Тимотијевиќ.

Osobena-popularnost-stekna-vo-40tite-niz-brojnite-ulogi-go-sovlada-albanskiot-jazik-fakti-za-sharmantniot-profesionalec-Milosh-Timotijevikj 01 630x330.jpg

Милош Тимотијевиќ е српски театарски, филмски и телевизиски актер, познат по улогите во сериите „Воена академија“, „Беса“, „Мирис кише на балкану“, „Јужни ветар“, „Певачица“, како и во многубројни филмски ремек-дела.

Роден е на 9 март 1975 година во Белград. Живее и работи во родниот град. Вели дека славата ја гледа како составен дел од актерската професија, а семејството е место каде што го наоѓа својот мир.

Во продолжение извојуваме повеќе факти за животот и делото на маестралниот Милош Тимотијевиќ:

Неговиот татко е всушност познатиот белградски фотограф, Драган Тимотијевиќ

Милош вели дека благодарение на неговиот татко, детството го поминал опкружен со камери, манекенки и модни писти.

Во едно од интервјуата што ги направила со Тимотијевиќ, Јована Јоксимовиќ признала дека нејзиниот прв едиторијал, со кој се пријавила на телевизијата БК, го направил токму неговиот татко.

Пораснал во село, кај неговите баба и дедо

Бидејќи неговите родители работеле, Милош практично израснал на село. Кога дошло време да оди на училиште, родителите го вратиле во Белград.

Најпрво сакал да биде чевлар, вајар или сликар, а подоцна размислувал да се занимава со социјална работа, поради што се запишал на Факултетот за политички науки.

Се запишал на Факултетот за драмски уметности и дипломирал во 1999 година

Сепак, ова бил неговиот втор обид, а првиот безуспешен во 1992 година. Посетувал предавања по драматургија заедно со Чедомир Јовановиќ.

Првите улоги ги добива во телевизискиот филм „Симпатија и антипатија“ (1993) и во филмот „Жеља звана трамвај“ (1994)

Иако голем дел од публиката го памети по улогата на телохранител во серијата „Среќни луѓе“, Тимотијевиќ одиграл преку 70 различни улоги во домашни и странски серии и филмови.

Сепак, филмовите „Влажност“ и „Јужни ветар“, како и сериите „Воена академија“, „Сенки на Балкану“ и „Беса“ го покажаа целиот раскош на неговиот актерски талент.

Улогите во „униформа“ во голема мера ја заокружија неговата маестрална работа

Портретирањето на Ступар во серијата „Јужни ветар“ - односно корумпираниот полициски инспектор кој е длабоко инволвиран во процесот на шверц на наркотици на Балканот, како и инспекторот на Интерпол, Петрит Коци во Серијата „Беса“ се едни од улогите кои му донесоа огромен комерцијален успех.

Милош повеќепати изјавил дека сака да се појави во поинакво издание, а со сигурност знаеме дека постојат многу дами кои сакаат да го видат во улогата на идеален протагонист во некоја романтична комедија.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава