Теоријата за среќа на Ајнштајн – „Мирниот, скромен живот може да биде многу посреќен“

Алберт Ајнштајн бил извонреден научник со генијален ум. Но, тој не само што бил надарен за физика и откритија кои го промениле човештвото, туку знаел и да ја напише својата „теорија на среќата“.

Teorijata-za-srekja-na-Ajnshtajn-01.jpg

Според приказната, Ајнштајн ја напишал оваа „теорија“ на хотелска сметка со цел да се заблагодари за гостопримството. Напишал само две реченици, но толку силни и моќни што можат да послужат како апсолутна „теорија на среќата“ во текот на животот.

„Мирен и скромен живот носи повеќе среќа отколку желбата за успех во комбинација со постојана грижа“, напишал Ајнштајн. 

На друг лист хартија, ја оставил следната порака:

„Каде што има волја, има и начин“.

Овие две „хартивчиња“ подоцна биле продадени на аукција за голема сума пари, но секој добил можност да ги открие и користи упатствата на Ајнштајн за среќен живот. Така, Ајнштајн ги искомбинирал ставовите на источните и западните филозофии во двете изјави.

Будистите категорично се спротивставуваат на таканаречениот „менталитет на вечниот патник“, односно на постојаното надминување на денешните пречки за утрешниот успех. Животот во овој случај е како вечно возење со метро до станицата каде што сонуваме за среќа.

Стариот римски филозоф Сенека го изразил тоа поотворено, пишувајќи – „најголемата пречка во животот е чекањето“, или губењето време грижејќи се и надевајќи се дека нешто ќе се случи.

Неговите зборови јасно ни кажуваат – Иднината е непозната. Живеј сега!

Втората реченица е уште поважна бидејќи открива дека секој човек има потенцијал да го прави тоа што го сака.

Дури и кога се чини дека нема решение, пречките се преголеми, а целта е далеку, Ајнштајн нè потсетува – „Каде што има волја, има и начин“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава