Факти за Раста - бившата сопруга Ана Николиќ со клуч му го уништи автомобилот, важи за српски крал на „Auto-Tune“ музиката

Тајно се венча со Ана Николиќ, а нивниот брак и развод беа проследени со низа скандали. Таа призна како во напад на љубомора му го уништила автомобилот, но и покрај скандалите не ја исклучуваат можноста да имаат уште едно дете заедно. Факти за српскиот музичар Раста...

fakti-za-rasta-bivshata-sopruga-ana-nikolikj-so-kluch-mu-go-unishti-avtomobilot-vazhi-za-srpski-kral-na-auto-tune-muzikata-01.jpg

Раста, односно Стефан Ѓуриќ, е познат музичар од српската естрада кој прв почна да прави музика со „Auto-Tune“ (автоматско прилагодување на тонот и отстранување на шумот).

Има дуети со поголем број звучни имиња на српската музичка сцена, а неговиот приватен живот често е тема на интерес во медиумите.

Откако на овој начин изгради успешна кариера, голем број музичари од балканската хип-хоп и трап сцена почнаа да го следат неговиот пример и да прават музика со „Auto-Tune“.

Раста деновиве се огласи на социјалните мрежи, па најави дека планира да ја промени „играта“ и да им објасни неколку работи на другите.

„Мислам дека е непотребно да говориме за тоа кој е творец на оваа ‘игра’. Кој го направи тоа да не мораш да имаш ‘свирачи на оргули’ и да пееш фолк за да настапуваш во најголемите клубови на Балканот и во Европа?“ – пишува тој.

Во својата објава вели дека тој како крал планира да се врати на тронот.

Кој е Стефан Ѓуриќ Раста и што знаеме за него? Неколку интересни факти што ја одбележаа неговата кариера:

Стефан Ѓуриќ е роден во Белград во 1989-та година како син на Слаѓана и Драго Ѓуриќ, кои се универзитетски професори.

Уште од мали нозе го следел верското движење растафарјанство, од каде потекнува неговото музичко име, музичкиот стил, но и препознатливиот стил на фризура со суканици.

Работел како водител на радио, бил член на групата Show program, а во 2009-та година го објавил деби албумот Sensemilia Mixtape.

Покрај тоа што направил голем број хитови, познат е и по соработките со Дара Бубамара, Наташа Беквалац, Ана Николиќ.

Како член на жирито на емисијата „Јас имам талент“ јавно се расплака кога ја слушна тажната животна приказна на еден од натпреварувачите кого родителите го напуштиле додека бил мал и го дале во дом, а избрка друг натпреварувач затоа што му ја навредил сопругата.

Тој е мошне контроверзен поради тоа што отворено говори за легализацијата на марихуана и честопати заради тоа имал проблеми и со законот. Но, кога станува збор за употребата на опојни супстанци очигледно и тој има строги граници што не сака да ги премине. Така тој исфрли еден член на неговата продуцентска куќа Balkaton Gang затоа што бил зависник од хероин.

За врската на Раста со Ана Николиќ повеќе на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Еден брак ѝ траеше 274 дена, бивши сопруг ѝ остави 18.000 рози на гробот - Бурниот љубовен живот на ... Една од најубавите жени на сите времиња, Мерилин Монро, имала бурен љубовен живо...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
9 месеци никој не знаеше дека починал, не прозборе за разводот: Кој е мистериозниот прв сопруг на Бр... Андре Луи Озиер е првиот сопруг на Брижит кој успешно се криеше од јавноста сè д...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg