Кафе се плаќа со добро дело и уште 9 забавни, но необични факти за животот во Чешка

Жените сакаат помлади мажи и нормално гледаат на разликата во години, 2/3 од населението бере печурки, а има кафуле во кое може да си купите кафе правејќи добро дело наместо давајќи пари – интересни факти за Чешка кои не сте ги знаеле.

zhenite-sakaat-pomladi-mazhi-i-ushte-9-zabavni-no-neobichni-fakti-za-zhivotot-vo-cheshka-01.jpg

Чешка е популарна туристичка атракција во Европа од многу причини – земјата изобилува со прекрасни пејсажи, можете да видите многу замоци, но и да вкусите прекрасни специјалитети.

Сепак, како и за секоја друга земја, и за начинот на живот во Чешка постојат работи што нам ни се чинат необични, а таму се сосема нормални. 

Во продолжение дел од нив:

Можете да „платите“ за кафе со добро дело

Во чешкиот град Брно има „подвижна“ кафетерија каде што можете да „платите“ за шолја кафе со добро дело.

Кафетеријата има табла со предлози за добри дела, како посета личност во болница, донирање симболична сума пари и слично. Можете да си одберете добро дело од нивната листа или да додадете некое ваше и добивате бесплатно кафе.

Најинтересно е што целиот концепт е заснован на доверба – никој нема да провери дали сте го направиле доброто дело за коешто ви дале кафе.

zhenite-sakaat-pomladi-mazhi-i-ushte-9-zabavni-no-neobichni-fakti-za-zhivotot-vo-cheshka-02.jpg

Шоуата со марионети се важен дел од културата

Низ градовите во Чешка можете да налетате на многу шоуа со марионети. Овие шоуа почнале да се појавуваат во средината на 18-тиот, а станале многу популарни во средината на 19-тиот век.

Најчесто станува збор за улични изведувачи кои патуваат од еден до друг град, но можете да изгледате вакво шоу и во некој театар.

zhenite-sakaat-pomladi-mazhi-i-ushte-9-zabavni-no-neobichni-fakti-za-zhivotot-vo-cheshka-03.jpg

Жителите преферираат лежерна облека, освен кога одат во театар

Луѓето во Чешка ја сакаат модата, но предност ѝ даваат на удобноста. Па, тие скоро секогаш носат лежерна облека, но сакаат да облечат нешто поформално кога одат во театар.

zhenite-sakaat-pomladi-mazhi-i-ushte-9-zabavni-no-neobichni-fakti-za-zhivotot-vo-cheshka-04.jpg

Берењето печурки е многу популарно

Чесите берат печурки со векови и ова веќе им е како традиција. Се верува дека барем две третини од населението оди да бере печурки барем еднаш во годината.

Во повеќето шуми каде што има печурки за јадење пристапот им е дозволен на сите, и тоа бесплатно, а сезоната на берење почнува во јули и завршува во август.

Ако сакате да ја пробате оваа активност, побарајте и искусен берач бидејќи е лесно да ги помешате отровните видови со оние кои се безбедни за јадење.

zhenite-sakaat-pomladi-mazhi-i-ushte-9-zabavni-no-neobichni-fakti-za-zhivotot-vo-cheshka-05.jpg

За жените е нормално да имаат многу помлади партнери

Многу познати жени од Чешка, но и многу „обични“ имаат значително помлади момчиња и сопрузи.

Штом и двајцата партнери се возрасни, на Чесите не им е грижа колкава е разликата во години помеѓу нив.

zhenite-sakaat-pomladi-mazhi-i-ushte-9-zabavni-no-neobichni-fakti-za-zhivotot-vo-cheshka-06.jpg

Уште пет факти на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кафе со вистинско злато и уште 12 причини зошто Абу Даби е уникатен град Улиците се стерилизираат со дронови. Во една од клиниките има засолниште за буво...
Сама си бирала прстен од грчки милионер, секс-снимка на 19 години - Скандалите на богатата наследнич... „Имала само 19 години кога ја снимила секс-снимката што протече во јавноста, дос...
Сопругата го изневерувала, а треба да ѝ плати 728 милиони долари по разводот, има 30 деца: Факти за ... Премиерот на Дубаи Мухамед Ал Мактум (72), имал шест жени и се верува дека имал ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg